21.4 C
Pehčevo

    Пехчево доби готова техничка документација за реконструкција на улици во должина од три километри

    Датум:

    Општина Пехчево се најде на листата од 35 општини, кои добија готова проектна документација за реконструкција на улици и патишта. Во рамки на Проектот за подобрување на општински услуги (МСИП), преку Министерството за финансии, а со поддршка на Светска банка ќе се реконструираат улици во должина од три километри во градот Пехчево.

    Слика грант светска банка

    Градоначалникот на општина Пехчево, Драган Тренчовски истакна дека е потпишан договор за готова проектна документација на проект за реконструкција и рехабилитација на улици во должина од три километри, а со реализацијата на овој вид проекти се подобрува општинските услуги кои се пружаат на граѓаните, а со тоа се обезбедува подобри услови за живот во општина Пехчево.

    -Општина Пехчево преку Министерството за финансии, а со поддршка на Светска банка доби финансиски средства за проектна документација за реконструкција и рехабилитација на улици во должина од три километри во градот Пехчево. Реконструкцијата на тие улици е од искклучително значење за сите граѓани, а ќе добиеме подобри општински услуги кои ќе ги подобрат условите за живот во нашата општина, истакнува Тренчовски.

    Инаку, Пехчево, Берово и Виница се првите општини од Регионот кои потпишаа договори во Министерството за финансии за грантови од Светска банка.

    Во рамки на проектот за подобрување на општински услуги (МСИП), што со Светска банка се реализира преку посебна проектна единица на Министерството за финансии, обезбени се грант средства од 1,1 милион евра, како техничка помош за вкупно 35 општини меѓу кои и општина Пехчево.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Посета на фабриката Росенбауер во Горна Радгона, Република Словенија

    Посета на фабриката Росенбауер – Инвестиција во безбедна иднина...

    Посета на регионалната депонија CEROP – Република Словенија

    Посета на регионалната депонија CEROP – Република Словенија Градоначалникот Александар...

    Градоначалникот на Општина Пехчево Александар Китански, оствари работна посета на Помурската стопанска комора во Словенија

    Денес Градоначалникот на Општина Пехчево Александар Китански, оствари работна...

    Дневен ред за 35-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...