Претседателот на Советот на Општина Пехчево, Николчо Јовчев донесе решение за свикување на 7-мата седница на советот.
7-мата седница на Советот на општина Пехчево е закажана за 09.05.2018 (среда), со почеток во 13 часот.
Седницата ќе се одржи во просториите на општина Пехчево, со предлог на следниот:
ДНЕВЕН РЕД
1. Усвојување на записникот од 6-та седница на советот на општина Пехчево;
2. Предлог одлука за усвојување на завршна сметка на ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за 2017 година;
3. Информација од ЈПУД ,,Равен,, – Пехчево;
4. Предлог одлука за усвојување на одлуката за изменување и дополнување на Статутот на ОУ ДК ,,Јане Сандански,, – Пехчево;
5. Предлог одлука за усвојување на одлуката за изменување и дополнување на Статутот на ОУ МБ ,,Кочо Рацин,, – Пехчево;
6. Предлог одлука за усвојување на Извештајот за работа на Полициската канцеларија Пехчево за 2017 година;
7. Предлог одлука за разрешување и именување на член на комисија за финансирање, буџет и ЛЕР;
8. Предлог одлука за разрешување и именување на член на комисија за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина;
9. Предлог одлука за разрешување и именување на член на комисија за општествени дејности;
10. Предлог одлука за разрешување и именување на член на комисија за венчавки;
11. Предлог одлука за разрешување и именување на член на комисија за еднакви можности на жените и мажите;
12. Предлог одлука за разрешување и именување на член на комисија за заштита на потрошувачите;
13. Предлог одлука за разрешување и именување на член на комисија за изработка на програма на советот на општина Пехчево;
14. Предлог одлука за поништување на Одлуката за краткорочно задолжување на општина Пехчево бр.08-299/1 од 05.03.2018 година;
15. Предлог одлука за учество на општина Пехчево во ИПА ИНТЕРРЕГ програмата за Прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија, со проектот ,,Развој и имплементација на заеднички пристапи и насоки за управување со вредните гео-локалитети во заштитените и предложени за заштита подрачја во прекуграничниот регион,,;
16. Предлог одлука за усвојување на стратегија за развој на руралниот туризам на општина Пехчево за периодот 2018-2023 година;
17. Предлог одлука за усвојување на студија за состојбите и потенцијалот за развој на рурален туризам во општина Пехчево;
18. Барања од граѓани;
19. Советнички прашања;
20. Тековни активности;
Совет на општина Пехчево
Претседател
Николчо Јовчев