8.1 C
Pehčevo

    Министерот без ресор Аксел Ахмедовски во работна посета на Пехчево

    Датум:

    Министерот без ресор Аксел Ахмедовски задолжен за координација и имплементација на националната стратегија за подобрување на состојбата на Ромите оствари работна средба во општина Пехчево и градоначалникот Драган Тренчовски.

    Министер без ресор

    На работниот состанок учествуваа представници од кабинетот на Министерот Ахмедовски, преставници од Министерство за локална самоуправа, Министерство за образование, НВО ,,Кхам , и представници од општинската администрација на општина Пехчево.

    Министерот Ахмедовски потенцираше дека на средбата е разговарано за проблемите со кои се соочуваат ромите во општината и за реализација на проекти од страна на општината кои ќе ги решат проблемите на ромската заедница.

    На работната средба беше потенцирана и изработката на Локален акциски план за подобрување на состојбата на Ромите во с.Црник и општина Пехчево (2018-2020), и беше нагласено дека изработката на овој план ќе претставува основа за реализација на активности кој директно ќе придонесат за зајакнување на положбата на ромите во оваа општина.

    Градоначалникот Тренчовски истакна дека одличната соработка со министерот Аксел ќе придонесе до реализација на многу проекти за подобрување на животот во општина.

    -Сигурен сум дека нашата одлична соработка ќе продолжи и понатаму, така што ние ќе создаваме услови заедно со Владата на Република Македонија, ресорното Министерство, министерот, општина Пехчево, Советот на општина Пехчево да реализираме заедно многу проекти, кои ќе ја променат сликата во градот и селата, а ја имаме и обврската и одговорноста за сето она што сме го ветиле да го исполниме, истакна Тренчовски.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...