Општина Пехчево се вклучи во акција за пружање на помош за настраданите во поплавите што го зафатија скопскиот регион. Од денес во Општина Пехчево е отворен е пункт каде сите хумани граѓани можат да донираат секој работен ден. Хуманитарната акција општината ја организира во соработка со НВО и Јавните претпријатија и установи од Општина Пехчево во соработка со државните институции и црвениот крст. Изјави Градоначалникот Игор Поповски
Од денес изутрина на помош за расчистување на теренот по поплавите во скопските општини се испратени на терен два тима од Општината а за наредните денови се спремаат и други тимови од Општина Пехчево.
Со донирање на најнеоходните производи општина Пехчево уште еднаш ја покажаа својата хуманост на дело. Во акцијата покрај граѓаните се вклучија и јавни институции и приватни фирми.
И Општина Пехчево во соработка со Општинската организација на Црвен крст Кочани и невладинитеорганизацииод општината на градскиот плоштад организира собирна акција за помош на настраданото население во Скопје, во среда 10.08.2016 и петок 12.08.2016 од 12:00часот до 16часот.
Последен пат населението се обедини за собирање на хуманитарна помош за насраданите од поплавите што ја зафатија Република Србија пред две години.