8.7 C
Pehčevo

    Пехчево од оваа година е со нови сместувачки капацитети но и содржини кои ги привлекуваат туристите

    Датум:

    Туристичко Пехчево од оваа година е со нови сместувачки капацитети, но и содржини, кои ги привлекуваат туристите. Освен живописните водопади на Равна река, од оваа година Пехчево ги нуди и барскиот екосистем „Езерце“ со оригиналната адреналинска патека во непосредна близина, која преставува вистинска атракција.

    – Според анализите што ги правевеме нема друга во Македонија. Таа е единствена таква патека и вреди да се проба.-изјави Игор Поповски, градоначалник на Пехчево.

    Градоначалникот вели дека патеката е безбедна, обезбедени се и стручни лица кои им помагаат на посетителите, а го буди интересот и кај помладите и повозрасните.

    – Станува збор за одење по јажиња, одење по дрва, има еден дел кој е на 4 метри височина, друг на 6 метри, со некаде 34 содржини и финишира со зип лајн во должина од 240 метри.-изјави Поповски

    Целата инвестиција за целосно уредување на комплексот е над 5 милиони денари, средства обезбедени од општинаскта каса и приватни донатори. Пехчево годинава очекува комплетно да се заврши и електрификацијата на туристичката населба Равна река, што заедно со доизградената патна инфраструктура ја прави и поатрактивна за купување на парцели за изградба на викенд куќи, ресторани и хотели.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...