4 C
Pehčevo

    Истражување. Во Регионот зборот им се слуша одвај на една третина од жените

    Датум:

    Фрапантни податоци за застапеност на жаните во општественото живеење. Истражувањата од Фондацијата Елена Лука,покажуваат дека само 1/3 од жените се застапени на пазарот на трудот, во донесувањето одлуки во политиката и на ниво на државата и на ниво на општината, жените остануваат со застапеност од 30%, а истиот процент е и за жените претпиемачи кои најчесто водат микро бизниси:

    Фрапантни податоци за застапеност на жаните во општественото живеење. Истражувањата од Фондацијата Елена Лука,покажуваат дека само 1/3 од жените се застапени на пазарот на трудот, во донесувањето одлуки во политиката и на ниво на државата и на ниво на општината, жените остануваат со застапеност од 30%, а истиот процент е и за жените претпиемачи кои најчесто водат микро бизниси:
    „Овие податоци покажуваат за неискористеноста на потенцијалот на жените, за едно општество.Според официјалните податоци, па и учеството на жените во високите форми на образование, дипломски постдипломски, тука се забележува рамноправно дури и зголемено учество на девојчињата и жените,што значи дека има голем процент на образовани девојки и жени кои подоцна ги нема на пазарот на трудот“ , вели Благородна Шопова, Фондација Елена Лука.

    Фрапантни податоци за застапеност на жаните во општественото живеење. Истражувањата од Фондацијата Елена Лука,покажуваат дека само 1/3 од жените се застапени на пазарот на трудот, во донесувањето одлуки во политиката и на ниво на државата и на ниво на општината, жените остануваат со застапеност од 30%, а истиот процент е и за жените претпиемачи кои најчесто водат микро бизниси
    Фондацијата Елена Лука од денеска во Пехчево започна со едукации на младите во рамките на обуката „Родот и родовата рамноправност“,а целта е учениците да се запознаат со основните концепти на родот и развојот:
    „Првите обуки се рoд и родова рамноправност, потоа, следната е недискриминација и последната од овој циклус ќе биде спречување на родово базирано насилство, планирано е учениците да ги проследат сите обуки“ , изјави Благородна Шопова, Фондација Елена Лука.
    Во Пехчево, подолго време Организацијата на жените работи на полето на родовата рамноправност и спречување на семејното насилство:
    „Избравме целна група ученици од средното образование да почнат да го препознаваат семејното насилство, односно да почнат да креираат еден дух на ненасилство, да го прпеознаваме тој родов јаз имајќи предвид дека најчести жртви на семејното наследство се жените“ рече Нада Симовска, претседател на Организација на жени Пехчево.

    Фондацијата во рамките на својата програма за спречување на сите форми на насилство врз жените ќе спроведе обуки со кои ќе се опфатени околу 500 млади. Освен во Пехчево, вакви обуки ќе има и во уште 7 општини од државава, меѓу кои и Штип.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...