-1.6 C
Pehčevo

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    Датум:

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година Ви го споделуваме записникот од истата како и фотографии од настанот.

     

    ЗАПИСНИК

    ОД ВТОР БУЏЕТСКИ ФОРУМ 2025

    ЗА ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА ПЕХЧЕВО

     

     

    Датум: 19.11.2024 година           Место: Ресторант Тропик        Час: 11:00

    Присутни граѓани: Вкупно 42

    Мажи: 8      Жени: 34

    Модератор: Борис Шарковски          Ко-модератор: Невенка Лангурова Гирова

     

    Форумската сесија ја имаше следнава агенда

     

    11:00  – 11:15 – Пристигнување на учесниците

    Преглед на активностите од претходната сесија

    Претставување на целите и дневниот ред на втората форумска сесија

    11:15 – 11:30 – Презентација на препораките

    11:30 – 11:45 – Претставување на начинот на приоретизирање на проектите

    11:45 – 12:30 – Одлучување за проектите ( приоретизација на проектите )

    12:30 – 13:30 – Презентација на резултатите од приоретизацијата

    13:30 – 13:45 – Формирање на работна група за застапување и следење на форумските предлози и препораки

    13:45 – 14:30 – Обраќања на претставник на општина Пехчево

    Оценка на форумот

    Затварање на форумскиот процес

     

    Воведен збор на втората форумска сесија даде модераторот Борис Шарковски, ги поздрави присутните и даде краток вовед во агендата. Ја повика Елица Јовевска, таа најправин им посака добредојде на присутните од името на целата општинска администрација и ги претстави предложените проекти од првата форумска сесија и истакна дека на оваа форумска сесија ќе се видат приоритетите. Потоа Борис Шарковски подели листи со предложени проекти и објасни како треба да се бодуваат 1 – како најмала вазност и 10 – како најприоритетен. Николчо Станоевски, кажа кои проекти се во тек на реализација и за кои веќе е аплицирано за да не се бодуваат. Ко- модераторката Невенка Лангурова Гирова кажа кои од проектите не треба да се бодуваат и тоа проектите под реден број: 4, 5, 6, 7, 13, 20, 26, 28, 30 и 31. Модераторот Борис Шарковски даде околу 30 минути време за размислување.

    Присутните ги бодуваа предложените проекти и следеше читање на резултатите.

    Ова се првите пет проекти кои беа бодирани со најмногу бодови :

    1. Реконструкција на локален пат кон туристичка населба Равна река и осветлување;
    2. Донесување на нов Детален урбанистички план;
    3. Набавка на возило за собирање на смет;
    4. Реконструкција на речно корито од мостот на градски пазар до мостот кај Фагус;
    5. Воведување на јавен општински и меѓуопштински превоз;

    Сите проекти и бодираните проекти можете да ги видите на линкот подолу:

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...

    Кампања „Општина на дланка“

    Општина Пехчево се приклучува на кампањата „Општина на дланка“. Со...

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...