-0.2 C
Pehčevo

    Дневен ред за 31-ва седница

    Датум:

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.05/02, 202/24), и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам 31-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 29.11.2024 година (петок). 31-та седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на општина Пехчево, со почеток во 15:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:

    ДНЕВЕН РЕД

    1. Усвојување на записникот од 29-та седница на советот на општина Пехчево;
    2. Усвојување на записникот од 30-та седница на советот на општина Пехчево;
    3. Предлог одлука за времен престанок со работа на ПУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево во с.Панчарево, општина Пехчево;
    4. Предлог одлука за долгорочно домашно задолжување на Општина Пехчево во рамки на Проект за енергетска ефикасност во јавниот сектор (ПСЕЕП);
    5. Предлог одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Пехчево за 2024 година;
    6. Предлог oдлука за разрешување и именување на членови на Управен одбор на ОУ ДК ,,Јане Сандански,, – Пехчево;
    7. Предлог одлука за усвојување на програма за работа на ОУ ДК ,,Јане Сандански,, – Пехчево за 2025 година;
    8. Предлог програма за активностите на општина Пехчево за ревитализација по елиминирање на кризи во областа за заштита и спасување во 2025-та година;
    9. Предлог одлука за давање согласност на правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во ОJУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево;
    10. Предлог oдлука за давање на користење недвижна ствар – канцеларија во Туристичко информативен центар – Пехчево, на Локален младински совет Пехчево;
    11. Предлог одлука за прифаќање на донација (две маси за играње на пинг-понг) од Фондацијaта за развој на локалната заедница Штип;
    12. Предлог програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на општина Пехчево, за 2025 година;
    13. Предлог програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево, за 2025 година;
    14. Предлог програма за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Пехчево, за 2025 година;
    15. Предлог програма за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрирани кучиња, за 2025 година;
    16. Предлог програма за управување со отпад на општина Пехчево, за 2025 година;
    17. Предлог програма за работа на општински комунален инспектор, за 2025 година;
    18. Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за работа на ОУ ДК ,,Јане Сандански,, – Пехчево за 2024 год;
    19. Барање од граѓани;
    20. Советнички прашања;

    Совет на општина Пехчево

    Претседател

    Виолета Ѓорѓиевска с.р.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...

    Кампања „Општина на дланка“

    Општина Пехчево се приклучува на кампањата „Општина на дланка“. Со...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...