7.6 C
Pehčevo

    Еколошка училница на тркала во Пехчево

    Датум:

    Еколошката училница на тркала на УСАИД денеска во Пехчево. Учениците директно се запознаа со лабораториската опрема во зелениот камион како дел од практичната настава за климатксите промени во рамките на проектот на УСАИД за општински стратегии за климатските промени спроведуван од Милеуконтакт Македонија.Еколошката училница на тркала на УСАИД денеска во Пехчево. Учениците директно се запознаа со лабораториската опрема во зелениот камион како дел од практичната настава за климатксите промени во рамките на проектот на УСАИД за општински стратегии за климатските промени спроведуван од Милеуконтакт Македонија.
    „Целта е да ги поттикнеме основните училишта во Македонија да ја подобрат наставната програма со воведување на практична настава за климатските промени и истражувачко образование од оваа област. Во рамките на овој караван ги посетуваме сите основни училишта од 10-те општини кои се дел од овој проект“, објасни Радмила Славкова, Милеуконтакт Македонија.
    Преку Проектот за климатските промени досега се посетени 11 основни училишта во земјава, а еколошката настава ја следеле 1400 ученици.

    Еколошката училница на тркала на УСАИД денеска во Пехчево. Учениците директно се запознаа со лабораториската опрема во зелениот камион како дел од практичната настава за климатксите промени во рамките на проектот на УСАИД за општински стратегии за климатските промени спроведуван од Милеуконтакт Македонија.
    „Целта на овој прект е практично да им се помогне на локалните заедници да изградат и да го подобрат својот капацитет за справување со негативните последици со климатските промени кои се евидентни во нашето секојдневие. Општините со експерстка помош на УСАИД, развиваат акционен план и своја сопствена стратегија за справување со последиците на климатските промени“, вели Славкова.
    Учениците ја видоа и фотофолтаичната централа која е погон за работа на зелениот камион.
    „Денеска имаме можност да го видиме камионот кој работи на фотоволтаична централа, односно произведена струја од соларна енергија. Учениците денеска ќе можат да се запознаат со инструментите кои се користат во лабораторијата, како што се инструменти кои овозможуваат мерење на количество на врнежи, киселост на почва, температура на почва и температура на воздух“, вели Валентина Станоевска, наставник од ООУ „Ванчо Китанов“ Пехчево.

    Инаку, преку Проектот на УСАИД, за општински стратегии за климатските промени, ќе се инвестираат 2.800.000 долари за различни активности во избраните општини. Времетраењето на проектот е 48 месеци, а имплементацијата е во периодот од 2012 до 2016 година.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Прием на првачињата во детската светска организација во ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево

    По повод Светската недела на детето, денес Градоначалникот на...

    Дневен ред за 29-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...