Хуманитарна помош од Саудиска Арабија денеска стигна во Пехчево. Пакети со храна и ќебиња денеска беа доделени на 110 социјалци од Пехчево и с. Црник:
„Опфатени се Делчево и Пехчево и пакетите се состојат од ќебиња и прехранбени производи“ , вели Јаја Оџов, Турк Баир.
„Општина Пехчево преку Турк Баир и додели 50 пакети на граѓани кои се социјално загрозени“, изјави Игор Поповски, градоначланик на Пехчево.
За социјално загрозените лица оваа помош е добредојдена:
„Оваа помош многу ни значи, бидејќи јас сум мајка на три деца со болен сопруг и ова ни е добредојдено“ , рече жена социјално загрозена.
Сепак,овие лица бараат трајно решавање на проблемот и вработување:
„Дојдоа денес да ни дадат брашно, но тоа ќе ни биде доволно за три недели, а што ќе правиме потоа и ние треба да работиме“ , рекоа социјално загрозени граѓани.
Инаку, вакви пакети со храна и ќе добијат и 155 социјално загрзоените од Берово и Делчево.