Општина Пехчево продолжи со реализација на активностите од проектот на Владата на Република Македонија „Почитувај ги правилата – почитувај го животот“. Во соработка со второ и третто одделение од ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево, со големите групи од ОЈУДГ „7 Септември“ – Пехчево како и со стручни лица од Полициската станица од општа надлежност од Општина Берово на ден 08.05.2015 година ( петок ) Општина Пехчево организираше наставен час за сообраќај во природа.
На часот стручните лица од Полициската станица од Берово, Васко Мамучевски – Командир на Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај и Соња Киријанска – Инспектор по превенција ги реализираа следниве активности:
1. Практично покажување и објаснување на децата како се минува улицата на пешачки премин;
2. Практично објаснување и покажување на децата како се минува улицата кога нема пешачки премин;
3. Практично објаснување и покажување на децата како се минува улицата на крстосница;
4. Организирање на пешачко дефиле со објаснување на децата по која страна на улицата треба да се движат и каде треба да се движат кога на улицата има тротоар и каде треба да се движат кога на улицата нема тротоар;
5. Како се регулира сообраќајот;
Наставниот час помина многу успешно и децата и нивните наставници беа задоволни, пред се затоа што имаа можност она што во претходните неколку недели го учеле во нивните училници сега тоа да го видат и практично.