Почитувај ги правилата, почитувај го животот е слоганот на кампањата за подигање на јавната свест за безбедност во сообраќајот, што ја започна Владата во координација со повеќе институции.
Општина Пехчево во соработка со ООУ „Ванчо Китанов“ –Пехчево се вклучи во кампањата „Почитувај ги правилата – Почитувај го животот“.
Денеска наставникот по ликовно образование во ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево својот час го посвети токму на оваа кампања на тема безбедност во сообраќајот. Децата од седмо одделение изработија прекрасни ликовни творби, писмени и ликовни сообраќајни пораки кои ќе бидат изложени на Плоштадот во Пехчево каде сите граѓани ќе можат да ги погледнат и прочитаат.
Општина Пехчево ќе продолжи и понатаму со реализација на активности посветени на безбедноста на сообраќајот заедно во соработка со ООУ „Ванчо Китанов“ и ОЈУДГ „ 7 – ми Септември“ – Пехчево.