Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на Р.Македонија бр.5/02) и член 12, став 1 точка 3 од Статутот на Општина Пехчево (Сл.гласник на Општина Пехчево бр.04/09 и 05/14), Градоначалникот на Општина Пехчево објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
за поднесување програми и проекти за реализација во 2015 година
Градоначалникот на Општина Пехчево ги повикува сите организации со седиште во општина Пехчево, кои дејствуваат во насока од областа на спортот, културата, подобрување на квалитетот на живот на граѓаните од областа на локален економски развој, туризам, заштита на животната средина, социјална кохезија, енергетската ефикасност, невладините организации, здруженија на граѓани и фондации да достават програми за предвидени проекти во 2015 година со финансиски параметри кои би им биле потребни за реализација на истите.
Финансиските параметри се потребни за рамковно проектирање на буџетот на Општина Пехчево за 2015 година во горенаведените области и натамошна подршка во реализацијата на избраните проекти за финансирање во 2015 г.
Како субјекти кои можат да конкурираат со свои проекти се определуваат Здруженијата и Фондации, со седиште во Општина Пехчево, како матична општина каде физички ќе се реализираат проектите.
Основни критериуми кои треба да ги исполнуват Здруженијата и Фондациите кои учествуваат на овој повик се:
* корисниците да се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации;
* корисниците да дејствуваат на територијата на Општина Пехчево;
* остварување на програмите и дејствувањето да се во рамките на Уставот и Законите на РМ,
* да достават спецификација за обезбедени финансиски средства(сопствени средства,спонзори и сл)
* да достават спецификација за потребни финансиски средства од буџетот на Општината Пехчево.
* сите проекти да бидат реализирани на територијата на Општина Пехчево.
Сите невладините организации, здруженија на граѓани и фондации, кои користеле финансиски средства од Буџетот на Општина Пехчево во 2014 да достават извештај за добиените средства од Општината Пехчево во изминатата фискална година и начинот на нивната реализација најдоцна до 30.12.2014 година.
Документацијата да се достави во просториите на Општина Пехчево или по пошта до ОПШТИНА ПЕХЧЕВО, адреса ул.„Борис Кидрич“ бр.8 2326 Пехчево, најдоцна 8 дена од објавувањето на web страната на Општина Пехчево www.pehcevo.gov.mk