Денес Фондацијата за развој на заедницата од Штип и Градоначалникот на Општина Пехчево во просториите на Општина Пехчево потпишаа меморандум за соработка. Исто така и во рамки на проектот „Направи разлика“, финансиски поддржан од УСАИД, ја одржа првата средба „Колеџ на заедницата“ и „Младинска банка“. Програмите „Колеџ на задницата“ и „Младинска банка“ имаат за цел, да опфатат влијателни граѓани и што поголем број на млади од Општина Пехчево, кои сакаат активно да се вклучат во креирањето на подобра иднина, да предложат и спроведат иницјативи за решавање на тековни предизвици и потреби. Програмата „Младинска банка“ е соодветна за млади од 16 до 29 години, при што младите ќе можат да поминат серија од 3 обуки за кои ќе добијат сертификат и во пракса ќе можат да го применат наученото, а со тоа да создадат подобри услови за младите во Пехчево. Во програмата „Колеџ на заедницата“ беа презентирани постигнатите резултати од реализацијата на проектот во останатите општини и беше воспоставен Колеџ на заедницата – Пехчево.