6.7 C
Pehčevo

    Отворен ден на Агенцијата за вработување во Пехчево

    Датум:

    Агенција за вработување

    Заменик директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Абдусамет Шабани вчера во салата за состаноци на општина Пехчево ја реализираше активноста отворени денови со граѓаните на Пехчево, се со цел подобра информираност на граѓаните и можност за доближување и олеснување на пристапот до услугите на Агенцијата за вработување.

    Шабани и Раководителката на Цернтарот за вработување за општините Берово и Пехчево, Невенка Рушковска на отворен ден со невработените од општина Пехчево ги промовираа новите мерки  за зголемување на вработеноста. Потенцираа дека андроид апликацијата е во функција со која младите лица кои се невработени преку своите мобилни телефони ќе бидат известени за активните огласи за вработување, волонтирање и праксаи дека новиот Веб сајт помага во директно поврзување на понудата и на побарувачката  на работна сила.Сите огласи се објавени на овој веб портал за, а кратко време ќе бидат објавени и огласите од приватните агенции за посредување и приватна агенција за привремени вработувања.

    Заменик директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Абдусамет Шабани вчера во салата за состаноци на општина Пехчево ја реализираше активноста отворени денови со граѓаните на Пехчево, се со цел подобра информираност на граѓаните и можност за доближување и олеснување на пристапот до услугите на Агенцијата за вработување.

    На настанот присуствуваа сите заинтересирани работодавачи и невработени лица од пехчевскиот регион, при што имаа прилика да се информираат за сите прашања од дејноста на Агенцијата за вработување, како и за можноста за вклучување во активните програми и мерки за вработување.

    Раководителката на Цернтарот за вработување за општините Берово и Пехчево, Невенка Рушковска, изнесе податок дека во Малешевијата се евидентирани вкупно 2.804 невработени, а од кои активни баратели на работа се 1.566 а пасивни се 1.304 лица.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Втора форумска сесија за Буџет на Општина Пехчево за 2025 година

    По оддржувањето на втората форумска сесија за Буџет на...

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила за малите пешаци“

    Едукативна презентација од полициски службеници од ОВР Берово: „Правила...

    Покана за втора форумска сесија за буџетот на Општина Пехечево за 2025

           Почитувани граѓани,        Вашето мислење е важно!        И Вие...