7.5 C
Pehčevo

    Започнаа градежните работи за уредување на рекреативниот центар Езерце

    Датум:

    Денес градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски и Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски официјално го одбележаа започнувањето на проектот за Уредување на излетничкото место Езерце во Пехчево.

    Со инвестиција од 3.423.905 денари обезбедени од Агенцијата за финансиска подршка за земјоделието и руралниот развој (АФПРЗ) и општина Пехчево започнаа градежните работи за уредување на рекреативниот центар Езерце.

    Уредувањето на рекреативниот центар Езерце за Пехчево ќе претставува ново излетничко место и нова понуда за развој на туризмот во општината.

    Целта на проектот е уредување на локалитетот Езерце кое е на периферијата на Пехчево, додека намената ќе биде за рекреација на жителите на Пехчево и на туристите кои престојуваат тука.

    Денес градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски и Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски официјално го одбележаа започнувањето на проектот за Уредување на излетничкото место Езерце во Пехчево.

    Градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски вели дека граѓаните на Пехчево ќе добијат ново катче за одмор и рекреација.

    ,, Со изградба на рекреативниот центар Езерце, граѓаните на Пехчево ќе добијат зелено катче за одмор и рекреација, а општината ќе добие нова понуда за развој на туризмот.

    Особено сум горд што ова напуштено место, кое е во лоша еколошка состојба ќе биде комплетно преуредена, т.е. ќе се облагороди овој со години наназад запуштен простор и ќе прерасне во парк со многу содржини почнувајќи од најмалите до возрасните ’’, рече градоначалникот Поповски.

    -Денес сме овде во работна посета на општина Пехчево да го одбележиме започнувањето на Проектот Уредување на излетничкото место Езерце со простор од 3,36ха. Дополнително од Агенцијата за финансиска подршка за земјоделието и руралниот развој на општината и се одобрени и инвестиции за изградба на селски улици и изградба на резервоар во село Панчарево, а вкупната вредност на проектите кои се одобрени за Пехчево е 9 милиони и 146 илјади денари, рече Министерот Димовски.

    Во рекреативниот центар Езерце превидено е хортикултурно и партерно уредување со вкупна површина од околу 3,36 хектари. Паркот ќе содржи зелена површина, 2 пешачки мостови, летниковци, детско игралиште (со лулашки, клацкалки, лизгалка и вртелешка), пешачки патеки, жардиниери, канти за отпадоци и клупи.

    Денес градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски и Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски официјално го одбележаа започнувањето на проектот за Уредување на излетничкото место Езерце во Пехчево.

    Додека во втора фаза предвидено е каскадно уредување на езецето со подигање на нивото на постоечкото езерце за 1-1,5м и креирање на уште едно езерце со откоп од 2-2,5м, додека изведбата на насипот ќе биде со користење на природен вулкански камен. Нивото на водата на езерото ќе се подигне со дополнителен довод од постоечки цевковод. На површината околу езерцето ќе биде изградена и пешачка патека.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...

    Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена, Општина Пехчево

    Проектот „Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена,...