Членовите на КУД „ Јане Сандански “ во рамки на меѓународната културна соработка со Република Бугарија, учествуваа на меѓународиот Традиционален фестивал на кукерските и маскарадни игри, во општина Симитли.
Фестивалот кој е дел од прославата на градот Симитли, е од натпреварувачки карактер, а КУД ,, Јане Сандански ’’ – Пехчево, беше единствената Културно уметничка група која ја претставуваше Република Македонија.
На фестивалот учествуваа повеќе од 30 групи, а пехчевските играорци, според организаторот успешно го презентираа македонскиот фолклор и нашето духовно и традиционално богатство.
Најстарото културно уметничко друштво во Пехчево, „Јане Сандански“, во своето опстојување има настапувано на повеќе фолклорни фестивали во Европа, успешно презентирајќи ја македонската песна и игра.