15.4 C
Pehčevo

    Започна рехабилитацијата и доградбата на канализациската мрежа во општина Берово и Пехчево

    Датум:

    Почнаа градежните работи на проектот “Рехабилитација и доградба на канализационата мрежа во општина Берово и Пехчево”.

    kanalizatsiona-mrezha

    Инвестицискиот проект, со вкупна вредност од 3.863.186 евра, вклучува изградба на мрежа на отпадни води во должина од околу 25 километри, а предвидени се и рехабилитација и замена на идентификувани критични делници во постоечката канализација во Берово и Пехчево, како и проширување и изградба на нова канализација во зони кои во моментот не се покриени со услуги на собирање на отпадните води.

    kanalizatsiona-mrezha1

    Градежните работи ќе се одвиваат на левиот и на десниот брег на реката Брегалница во Берово, на Беровското Езеро, во самата општина Берово, во населените места Владимирово и Смојмирово, како и во општина Пехчево и населеното место Чифлик.

    Со реализација на проектот се очекува да се решат и проблемите со појава на поплави во периодите на дождови со јак интензитет и загадувањето на река Брегалница со отпадни води.

    kanalizatsiona-mrezha2

    Средствата за реализација на проектот се обезбедени преку Инструментот за предпристапна помош компонента 3, а крајни корисници се Министерството за животна средина и просторно планирање, општина Берово и Пехчево.

    Инаку,договорот за реализација на проектот беше потпишан на почетокот од декември 2015 година.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...

    Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена, Општина Пехчево

    Проектот „Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена,...