8.1 C
Pehčevo

    Заменик амбасадорот на Швајцарија Н. Е. Стефан Томаџан и претставници од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во работна посета на Пехчево

    Датум:

    Работна средба со Заменик амбасадорот на Швајцарија Н. Е. Стефан Томаџан и претставници од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)
    Работна средба со Заменик амбасадорот на Швајцарија Н. Е. Стефан Томаџан и претставници од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)
    Општина Пехчево беше посетена од висока делегација на претставници на донаторската заедница, односно беше остварена работна средба со Зам. Амбасадоорто на Швајцарија Н. Е. Стефан Томаџан и претставници од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) од Програмата Општинско-корисна работа. На средбата стана збор за имплементацијата на Програмата Општинско-корисна работа 2019 – 2020 год.во општина Пехчево која ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во соработка со Агенцијата за вработување и Министерството за труд и социјална политика со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка, односно за практичната имплементација на проектот на општина Пехчево ,,ПОДАДЕНИ РАЦЕ – Социјална заштита за Инклузивна општина Пехчево за вклучување на Роми и др. ранливи групи.
    Проектот на општината се состои од две компоненти:
     – помош и нега на стари и изнемоштени лица во домашни услови во Пехчево, с.Црник, с.Умлена и с.Чифлик и
     – спроведување на мерки за анти-дискриминација и сегрегација на немнозинските заедници (Роми) во Пехчево и с.Црник.
    Општина Пехчево е лидер во Програмата ОКР на УНДП по бројот на вклучени лица – Роми и/или др. ранливи групи и во проектот се вклучени вкупно 15 невработени лица, корисници на Гарантиран минимален приход и лица во социјален ризик од кои 11 Роми во Пехчево и с.Црник, и 4 лица во Пехчево, с.Чифлик и с.Умлена.
    Проектот се имплементира во времетраење од 6 (шест) месеци и ќе се спроведува заклучно со месец Февруари 2020 год.
    На работниот состанок стана збор за активностите кои општина Пехчево ги превзема во сферата на социјалната заштита на локално ниво како и за проектите кои се наменети за подобра интеграција и инклузија на ромското население во општина Пехчево и беа посетени крајни корисници-стари и изнемоштени лица во Пехчево и с.Црник.Истотака во с.Црник, Зам. Амбасадорот го посети подрачното училиште на ООУ ,,Ванчи Китанов,,  во с.Црник каде оствари средба со дел од наставниот персонал во училиштето и со новоформираниот Локален лидерски совет на с.Црник.
    Општина Пехчево го потенцираше своето задоволство и позитивни резултати од соработката со Швајцарската амбасада и Швајцарската агенција за развој и соработка и ја искажа својата спремност за понатамошна соработка во идни проекти.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...

    Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена, Општина Пехчево

    Проектот „Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена,...