12 C
Pehčevo

    Возбуда, радост – прв пат во школските клупи – Првачиња среќно!

    Датум:

    Прв училишен денВо услови на пандемија предизвикана од појавата и ширењето на вирусот Ковид-19, а согласно Планот и протоколите за организација, што ги подготвија институциите и Министерството за образование и наука, официјално започнува новата учебна година во ООУ.„Ванчо Китанов“ во општина Пехчево, каде наставата ќе се реализира и со физичко присуство и од далечина.

    Прв училишен ден2

    Џагор, радост, но и понекоја солза – првачињата денес прв пат седнаа во училишните клупи. Детските насмевки и лицата на гордите родители кои неможат да поверуваат дека нивното малечко тргнува на училиште ги исполнија училиштата во општина Пехчево.

    Првачињата и учениците беа пречекани од наставниците и директорката во дворот на училиштето Ванчо Китанов, а освен директорката и наставниците, топло добредојде им посака и градоначалникот на општина Пехчево, Драган Тренчовски.

    Прв училишен ден1

    -Добредојдовте првачиња и сите други ученици. Ова е првиот училиштен ден за оваа година, која искрено се надевам ќе биде исполнета со успеси и среќни моменти за секого од вас. Оттука почнуваат најубавите спомени, од училишните клупи, првите успешни резултати ќе ги донесете од своето училиште и ќе ги израдувате вашите родители. Овој ден е посебен и за секој родител. Особено се радувам што училиштата во Пехчево изобилуваат со прекрасни услови, прекрасен професионален образован кадар, а поддршката секако е проследена од тимови на Општина Пехчево, кој неуморно и организациски работи, истакна Тренчовски.

    Тој додаде дека и покрај предизвиците и проблемите со пандемијата верува дека во Пехчево ќе има успешна учебна година.

    -Оваа година ќе биде многу поразлична од другите, бидејќи, пандемијата предзвика промени, а образовниот процес за многу кратко време мораше да претрпи целосна трансформација. Верувам дека и покрај предизвиците и проблемите со кои се соочуваме со пандемијата, ќе имаме успешна учебна година, дека ќе научите нови вештини и дека квалитетот на образовниот процес ќе биде на високо ниво, додаде Тренчовски.

    Прв училишен ден3

    Инаку, градоначалникот на 33 првачиња кои го започнаа своето образование во општина Пехчево им врачи комплет училишен прибор, обезбедени од локалната самоуправа.

    Во општина Пехчево новата учебна година ја започнаа 298 ученици.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...

    Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена, Општина Пехчево

    Проектот „Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена,...