ЕКО – ПАК ХИТ ДОО Кочани, како општествено одговорна компанија, во насока на исполнување на националните цели, спроведува едукативна кампања „Биди модерен селектирај паметно“.
Едукацијата ги опфаќа основните училишта и градинките и истата има за цел да се едуцираат учениците за поимот разделно собирање на отпадот од пакувањата, како и негово правилно селектирање. Учениците треба да научат за правилното искорисување на контејнерите во боја, а истовремено и дефинирање на процесот рециклирање, негов опис и значење. Учениците преку овие едукативни работилници се запознаваат со хартијата, пластиката, стаклото, металот и дрвото како видови на матерјали, нивен начин на добивање и заштедата која произлегува од нивното рециклирање.
Од 17- 18.10.2016 година и нашето Општинско Основно Училиште „Ванчо Китанов“ – Пехчево ќе биде дел од оваа едукативна кампања, при што во секоја паралелка на децата од прво до четвртто одделение ќе им бидат одржани по два часа, од кои на првиот час ќе се одржи едукација преку презентирање на презентација под наслов Биди модерен –селектирај паметно, а на вториот час ќе биде спроведена и интерактивна настава преку метод на дискусија и прикажување.
После завршувањето на едукативната кампања на сите ученици ќе им бидат доделени награди, одделенијата ќе добијат Пофалници, а училиштето ќе добие Благодарница за учество во едукативната програма.