17.8 C
Pehčevo

    Студиска и стручна посета во округот Прахова, Романија на Градоначалникот на општина Пехчево Александар Китански

    Датум:

    Градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански е на студиска и стручна посета во округот Прахова, Романија, во рамки на проектот „Supporting the implementation of the regional waste management systems in the East and North-East Regions“. Целта на посетата е запознавање со начинот на кој е организирано современото управување со отпадот во овој регион, под координација на Consiliul Județean Prahova. Посетата ги има опфатено клучните објекти и активности на системот, вклучувајќи ја станицата за механичко-биолошки третман (TMB Ploiești), каде што отпадот се селектира, рециклабилните материјали се издвојуваат, а органската фракција се биостабилизира со цел да се намали количината што оди на депонија. Градоначалникот Китански со останатите претставници на делегацијата од Македонија, имаше можност да види како системот функционира во пракса, како се контролира квалитетот, како се управува инфраструктурата и како регионалните политики овозможуваат долгорочна одржливост. Со оваа посета, сите учесници од Македонија добија вредни сознанија за организациските модели, техничките решенија и институционалната координација што го прават Прахова пример за добро функционирачки регионален систем за управување со отпад. Преку ваквите посети и активности се овозможува приближување до европските стандарди и создавање почиста и поздрава животна средина за сите.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Соопштение за јавноста за пријавување на штети на земјоделски насади од елементарна непогода 2026

    Општина Пехчево ги повикува граѓаните кои сметаат дека елементарната...

    Дневен ред за 7-ма – вонредна седница

    Врз основа на член 40 и член 48 точка...

    ЈАВЕН ПОВИК за член на Управен одбор во ЈКП ,,Комуналец” Пехчево

    ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на лица -          за член на Управен одбор...

    Дневен ред за 6-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...