16.6 C
Pehčevo

    Утре градоначалникот Поповски ќе оствари средба со граѓаните на Пехчево на тема ,, Граѓаните прашуваат – градоначалникот одговара “

    Датум:

    Градоначалникот на општина Пехчево, Игор Поповски и Претседателот на Советот на Општина Пехчево, Стојче Стефановски, заедно со претставници од локалната самоуправа и директорите на општинските јавни установи и претпријатија на ден 12.10.2015 година во 18 часот во салата при Домот на културата ,, Јане Сансански ‘’ ќе оствари средба со жителите на Пехчево на тема ,, Граѓаните прашуваат – градоначалникот одговара “.

    Граѓаните ќе имаат можност непосредно да се запознаат со проектите кои општината во иднина планира да ги реализира во градот Пехчево, но и да ги слушне градоначалникот проблемите и потребите од граѓаните, со цел подобрување на животниот стандард на граѓаните, развој на економијата и создавање поволна бизнис клима, решавање на комунални и инфраструктурни проблеми, поквалитетно образование, социјална заштита и здравство, со средства предвидени за 2015 – 2016 година.

    Оваа средба е во организација на Здружението на пензионери од Општина Пехчево.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Реконструкција на улиците „Илинденска“, „Мирче Ацев“ и „Даме Груев“, како и нивните краци, со изградба на нова атмосферска канализација

    Започнува реализацијата на проектот за реконструкција на улиците „Илинденска“,...

    Јавен повик за член на Управен одбор во ЈКП ,,Комуналец” Пехчево

    ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на лица -          за член на Управен одбор...

    Дневен ред за 10-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...