15.4 C
Pehčevo

    Граѓаните задоволни од работата на градоначалникот, јавните претпријатија и институциите

    Датум:

    Во рамки на редовните посети на месните и урбаните заедници, градоначалникот на општина Пехчево, заедно со Претседателот на Советот, Пратеничката во Собранието на Република Македонија, дел од советниците и тимот составен од стручните служби од општината, претставници на јавните претпријатија, и неколку други институции кои имаат надлежност да ги решаваат најчестите проблеми на граѓаните од локално значење, остварија средби со жителите на месните заедници и со граѓаните на Пехчево.

    Трибина Црник
    Со граѓаните беше дискутирано за она што е сработено во изминатиот градежен период и за она што се планира да се гради за наредната година во сите населени места во општината. На средбата беа презентирани и тековните проекти и развојните планови за општината.
    Во изминатиот период во градот и сите селски населби беше изведено асфалтирање, реконструкција и санација на повеќе улици, крпење на ударни дупки, како и тековно одржување на уличното осветлување и урбаната опрема, изградба на канализациони системи, реконструкција на подрачните училишта, осветлување и реконструкција и изградба на спортски игралишта и др.
    Низ разговорите провејуваа повеќе теми – Легализирање дивоградби, осветлување, барања за решавање на комунални проблеми и инфраструктурно подобрување, прашања од областа на социјалата и побезбеден сообраќај се дел од барањата на жителите, а брзо решавање на овие проблеми се плановите на Локалната самоуправа, предводена од градоначалникот Игор Поповски.

    Робово
    Жителите беа информирани и за следните планирани активности на оваа локална самоуправа кои се произлезени од нивните потреби и барања -изградба на улица во село Црник, изградба на канализација во село Умлена, втора фаза на канализација во село Чифлик, реконструкција на уличната мрежа во градот Пехчево, изградба на улица до археолошкиот локалитет Света Петка, едукативен Еко-центар во село Негрево, изградба на повеќе улици низ градот, изградба на таложник пред филтер станицата во Пехчево, Изградба на пречистителна станица за комунални отпадни води во с. Црник, комунална инфраструктура на туристичката населба Равна река и многу други проекти кои се планирани и веќе се обезбедени средства за нивна реализација во 2016 година.

    Пехчево
    -Ги сослушавме сите барања од жителите и се разбира дека треба многу да се направи затоа што сеуште има места каде што има проблем со водоводната мрежа, некаде со канализација, со патна инфраструктура, улично осветлување итн., но затоа постои Локална самоуправа и се трудиме колку што може да ги решаваме ваквите проблеми. Остваривме средба во сите населени места во општината и со жителите од градот и ги утврдивме проблемите со кои тие се соочуваат, затоа што доколку не ги утврдиме проектите кои се од интерес на нашите жители нема развој на општината. Многу е важно да знаеме што им е потребно, затоа и правиме посета, многу е важно да се знае каде инфраструктурно да се реагира, кои улици се приоритетни, каде треба водовод, канализација, паркови, клупи, игралишта и друго, затоа што во интерес на општината и на граѓаните е решавањето на овие проблеми. Тоа значи, ако им ги слушнеме и им ги решиме проблемите ние како локална самоуправа сме ја исполниле својата функција, а таа е токму поддршка на граѓаните – изјави градоначалникот Поповски.

    Трибина Пехчево
    Ваквите средби кои ги организира општината претставуваат начин на отворена и транспарентна работа, но и претставуваат извор на идеи и решенија за секојдневните проблеми на граѓаните.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...

    Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена, Општина Пехчево

    Проектот „Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена,...