-0.2 C
Pehčevo

    Со низа активности во градинката ,, 7 Септември “ одбележан 16 октомври – Светскиот ден на здрава храна

    Датум:

    По повод Светскиот ден на здравата храна, дечињата и вработените во детската градинка ,, 7 Септември ’’, денеска се вклучија во одбележувањето на Светскиот ден на храната -16 октомври.

    По повод Светскиот ден на здравата храна, децата од градинката ,, 7 Септември “ - Пехчево, дечињата и вработените денеска се вклучија во одбележувањето на Светскиот ден на храната -16 октомври.

    На прекрасно уредени маси во дворот на градинката беше презентиран богат избор на свеж зеленчук и овошје, храна подготвена од рацете на воспитачките, негователките и дечињата во градинката.

    По повод Светскиот ден на здравата храна, децата од градинката ,, 7 Септември “ - Пехчево, дечињата и вработените денеска се вклучија во одбележувањето на Светскиот ден на храната -16 октомври.
    За значењето на Светскиот ден на храната пред домаќините и гостите зборуваше директорката на градинката, Гордана Вазлиска.
    Производството на здрава храна, произведена на органски начин без пестициди, осовременување на начинот на производство и конкурентноста, се основните темели на кои децении наназад цврсто и сигурно опстојува градинката. Сакаме да создадеме генерации кои ќе имаат поинаков однос кон храната, начинот на нејзино производство и нејзиното консумирање. Нашата мисија ќе биде успешно завршена кога нашите ученици ќе станат лидери, но истовремено и борци за здрав начин на живот, кој е возможен само преку здравата и правилна исхрана, рече директорката Вазлиска.

    По повод Светскиот ден на здравата храна, децата од градинката ,, 7 Септември “ - Пехчево, дечињата и вработените денеска се вклучија во одбележувањето на Светскиот ден на храната -16 октомври.
    Одбележувањето на овој ден во градинката се реализираше со следната агенда:
    1.Отворање на настанот – Предговор за програмата за едукација на децата од предучилишна возраст со процесот на одгледување и консумирање здрава храна.
    2.Промоција на упатство за здрава храна
    3.Прошетка во градината и берба на култури
    4.Консумација на производи и сокови од овошје и зеленчук приготвени од дечињата и учителките

    Преку програмата за едукација на децата во процесот на предучилишно воспитување, тие дознаваат за здравиот начин на исхрана, за значењето на овошјето и на зеленчукот. Притоа преку координиран пристап во детските градинки, почнат е процес на создавање градини преку кои децата можат да се едуцираат за начинот на кој се садат зеленчукот и овошјето, но и за хранливите состојки, и да стекнат здрави навики со што во иднина ќе се влијае на создавањето здрави навики за живот на секое дете.

    По повод Светскиот ден на здравата храна, децата од градинката ,, 7 Септември “ - Пехчево, дечињата и вработените денеска се вклучија во одбележувањето на Светскиот ден на храната -16 октомври.
    Покрај децата и вработените во градинката, на одбележувањето на Светскиот ден на здравата храна присутни беа и родителите на дечињата.
    Инаку, Министерството за труд и социјална политика, под чија надлежност се градинките, последните години практикува проект за здрава храна во градинките.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...

    Кампања „Општина на дланка“

    Општина Пехчево се приклучува на кампањата „Општина на дланка“. Со...

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...