8.7 C
Pehčevo

    Светиот крст во рацете на 31 годишниот Бобан Велковски од Пехчево

    Датум:

    Водици

    Традиционалното одбележување на големиот христијански празник Богојавление – Водици и годинава се одржа на реката Писа во Пехчево. Празнувањето на верскиот празник Водици во Пехчево е еден од најмасовните црковно верски манифестации. Тоа беше потврдено и годинава кога покрај кејот на реката присуствуваа голем број на верници.
    Церемонијата на осветувањето на водите со фрлањето на светиот крст ја изведоа свештеници од Црквата Св. “Петар и Павле“.

    Водици1

    Бобан Велковски го фати светиот крст во осветените води на реката Писа во Пехчево. Тој беше најсреќен од околу 20тина млади луѓе од Пехчево.

    Од Општина Пехчево доби ЛЦД телевизор што како награда го доделува Општината.

    -Да си посакаме и оваа година што следи многу здравје и многу среќа пред се. Чинот на кој бевме денес сведоци да не сплоти како народ уште повеќе. Испраќам благослов за здравје, среќа и бериќет на Бобан, а со светиот крст да ги однесе истите желби до сите домови во Пехчево, порача градоначалникот Тренчовски.

    Водици2

    На церемонијата претходеше водосвет во црквата „Св. Петар и Павле“ каде голем број верници беа присутни на свечената Богојавленска литургија.

    За многубројните посетители на оваа манифестација, која од година во година станува сѐ помасовна, Општина Пехчево обезбеди топли пијалоци за сите присутни.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...