-2 C
Pehčevo

    С О О П Ш Т Е Н И Е – Проект за управување на речниот слив на реката Брегалница

    Датум:

    Проектот ,, Реконструкција на канализационен систем во с. Умлена и доизградба на канализационен систем во с. Робово ‘‘, доби најголема подршка од граѓаните на општината кои учествуваа на ФОРУМОТ ЗА ВОДИ, во рамки на повикот за мали инфраструктурни проекти од Проектот за управување со речниот слив на р. Брегалница.

    Општина Пехчево на ден 07.07.2014 година (понеделник) организира ФОРУМ ЗА ВОДИ како дел од Проектот за управување со речниот слив на река Брегалница (ПУРС Брегалница), односно во рамки на Вториот повик за  мали инфраструктурни проекти.

    Проектот за управување со речниот слив на Брегалница е финансиски поддржан од страна на Државниот секретаријат за економски работи (SECO) на Швајцарската Конфедерација  и има за цел изработка на одржлив и опширен план за водените ресурси на втората по големина река во Македонија. Во рамки на проектот формиран е инвестициски фонд  со цел ко-финасирање на локално предложени проекти поврзани со Брегалница и воопшто со водите..

    Проектната канцеларија на проектот, како дел од Компонента 2, во месец Јуни распиша Втор повик за предлог проект (Мали Инфраструктурни Проекти)  до општините кои се наоѓаат во хидрографското подрачје на Брегалница за предлагање на квалитетни проекти со тоа што идејата за проектите треба да биде донесена преку организација на ,,Форуми на заедниците,, со реализација на две форумски сесии и една работилница.

    Изборот на предложените проекти ќе биде на конкурентна основа, односно ќе бидат одобрени 3 -5 проекти со висина од 50.000 до 500.000 швајцарски франци.Швајцарската Влада во имплементацијата на малите Инфраструктурни проекти ќе учествува со макс. 83,2 % додека општина Пехчево треба да учествува со мин. 16,7%  од вредноста на инвестицијата.

    Главна цел на форумските сесии е преку партиципација на граѓаните  да се дефинира конкретен проект кој е приоритетен за реализација.

    I – та Форумска сесија од II – от Повик за Мали инфраструктурни проекти ќе се одржи на 07.07.2014 година (понеделник)  во Салата  за состаноци на Домот на културата ,,Јане Сандански,, Пехчево со почеток во 11:00 часот.

    Поддржаниот проект треба да биде од областа на:

    * Изградба на мали стандардизирани станици за прочистување на отпадните води и/или

    * Др. проектиповрзани со заштита на водите на реката Брегалница.

    Прва сесија од Проектот за уредување на речниот слив на реката Брегалница во општина Пехчево, Дом на култура „Јане Сандански„ Пехчево , 07.07.2014, 11:00 часот

    ДНЕВЕН РЕД

     

    11:00-11:10 Добредојде на присутните и вовед во проектот
    11:10-11:15 Обраќање на Градоначалникот на општината
    11:15-11:30 Презентација на Форумскиот процес
    11:30-11:50 Презентација на проектот ПУРС – Проектот за уредување на речниот слив на реката Брегалница – втор циклус
    11:50-12:00 Утврдување на правила за работа
    12:00-12:15 Утврдување на структура на форумот – распределување на граѓаните по работни маси
    12:15-12:30 Пауза
    12:30-13:0013:00-13:30

    13:30-13:40

     

    Идентификација и дефинирање на проблеми/решенијаАнализа и групирање на проблемите/решенија

    Формирање на работни групи за развивање на концепти на предлог проекти, одредување термин за следната сесија

    13:40-13:45 Оценка на форумската сесија

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...