10.3 C
Pehčevo

    Покана за прес-конференција – Фестивал на дувачки оркестри Пехчево 2014

    Датум:

    logo Фестивал лого

     

    До:  Медиуми

    Предмет: Покана на прес-конференција

     

    Почитивани,

    Општина Пехчево по четврти пат го организира единствениот фестивал во земјава посветен на дувачките инструменти, „Фестивал на дувачки оркестри-Пехчево 2014“. По повод почетокот на фестивалот 10 јули, Општина Пехчево организира прес-конференција за медиумите со цел поблиску да ја запознаеме јавноста со годинешното издание на фестивалот кој ќе трае од 10 до 13 јули.

    На прес-конференцијата, покрај градоначланикот на Општина Пехчево, Игор Поповски и организаторите на фестивалот, ќе присуствуваат и директорот на фестивалот од  Гуча, Адам Тадиќ, членовите на жири-комисијата врвни експерти од оваа област, професори по музичка академија Васил Ристов, Илчо Јованов и наставникот по музичко од Пехчево, Александар Парасков.

    Средбата со новинарите ќе се одржи во просториите на Општина Пехчево, во четврток во 17 часот, а стартот на фестивалот е во 18 часот на градскиот плоштад.

    Во прилог ја доставуваме агендата на „Фестивалот на дувачките оркестри Пехчево 2014“.

    MS-Word-2-icon Со почит,                                                                                                                                                                     Општина Пехчево

    08.07.2014 година

     

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Посета на фабриката Росенбауер во Горна Радгона, Република Словенија

    Посета на фабриката Росенбауер – Инвестиција во безбедна иднина...

    Посета на регионалната депонија CEROP – Република Словенија

    Посета на регионалната депонија CEROP – Република Словенија Градоначалникот Александар...

    Градоначалникот на Општина Пехчево Александар Китански, оствари работна посета на Помурската стопанска комора во Словенија

    Денес Градоначалникот на Општина Пехчево Александар Китански, оствари работна...

    Дневен ред за 35-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...