-2 C
Pehčevo

    Со реконструкцијата на внатрешноста во ООУ.„Ванчо Китанов“ се создаваат современи услови за настава во Пехчево

    Датум:

    Со реконструкцијата на внатрешноста во ООУ.„Ванчо Китанов“ се создаваат современи услови за настава во Пехчево

    Градоначалникот на Општина Пехчево, Драган Тренчовски, денес го посети општинското основно училиште Ванчо Китанов, и заедно со директорката Добрила Јовевска извршија увид каде во моментот се работи на реконструкција на внатрешноста на училиштето.

    Со реконструкцијата на внатрешноста во ООУ.„Ванчо Китанов“ се создаваат современи услови за настава во Пехчево Со реконструкцијата на внатрешноста во ООУ.„Ванчо Китанов“ се создаваат современи услови за настава во Пехчево

    Станува збор за реконструкција и молерисување на ходниците во училиштето, поставување на ламинат, замена на старите врати во училниците, целосна реконструкција на училишната библиотека, нови шкафчиња во училниците, замена на дел од старите табли со нови интерактивни табли, поставување на веницијанки, се фарбаат радијаторите, се уредува дворот, а се изврши и изградба на летниковец за настава во природа.

    Со реконструкцијата на внатрешноста во ООУ.„Ванчо Китанов“ се создаваат современи услови за настава во Пехчево Со реконструкцијата на внатрешноста во ООУ.„Ванчо Китанов“ се создаваат современи услови за настава во Пехчево

    Градоначалникот Тренчовски истакна дека со реконструкцијата се овозможуваат подобри и современи услови за одвивањето на наставата во Пехчево.

    -Условите за работа овде и до сега беа одлични. Со оваа инвестиција, сега се овозможуваат уште подобри услови, така што ние како општина успеавме да создадеме современи услови за одвивање на настава во Пехчево, а создавањето на подобри просторни услови како основен предуслов за квалитетно образование е нашиот заеднички приоритет со ООУ.„Ванчо Китанов“, рече градоначалникот Тренчовски.

    Тренчовски додаде дека добрите услови во училиштата ги мотивираат професорите и наставниците, а посебно талентираните ученици за кои општината издвојува парични средства за најуспешни деца и дека вложувањето во образованието е најголемата инвестиција што заедно можеме да ја направиме за образованието во нашата општина и нашата држава која се стреми кон европскиот образовен простор.

    Со реконструкцијата на внатрешноста во ООУ.„Ванчо Китанов“ се создаваат современи услови за настава во Пехчево

    Директорката на училиштето Јовевска истакна дека средствата за реконструкција се одезбедени од буџетот на училиштето во соработка со локалната самоуправа со цел подобрување на техничко-просторните услови.

    Со изведувањето на овие активности, чие финансирање беше обезбедено од буџетот на училиштето во соработка со локалната самоуправа, дојде до подобрување на техничко-просторните услови во кои се следи наставата, а реконструирана е и училишната библиотека. Инвестирањето во подобрување на условите во образованието, добрите училници, простор за рекреација и интеракција со другите ученици директно влијае на подобрувањето на постигнувањата на учениците, потенцира Јовевска.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...