14.8 C
Pehčevo

    ЈАВЕН ПОВИК до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

    Датум:

    Грб на општина Пехчево

    Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Пехчево, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка, на ден 21.08.2019 година се објавува:

     

    Ј  А  В  Е  Н     П О В И К

    до

    евидентирани невработени лица за вклучување во

    Програмата Општинско – корисна работа за проект

    Социјална заштита за ИНклузивна општина Пехчево II за ангажирање на Роми и др. ранливи категории

     

    Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  Социјална заштита за ИНклузивна општина Пехчево II за ангажирање на Роми и др. ранливи категорииза работно ангажирање од 20 (дваесет) часа неделноза период од 6 (шест) месецизаради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Берово, канцеларија Пехчево.

    Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата Општинско-корисна работа ќе бидат работно ангажирани за 20 (дваесет) работни часови неделно.

    За периодот додека лицата се работно ангажирани преку програмата „Општинско-корисна работа“ истите не го губат статусот на невработено лице и истите се должни редовно да се јавуваат во Агенција за вработување- Центар за вработувањеБерово, канцеларија Пехчево со цел почитување на обврските согласно Закон. На невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

    Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

    На кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа ќе им биде исплатен паричен надоместок за работно ангажирање  во висина од 9.000,00 денари месечно, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

    Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

    • Роми корисници на Гарантирана Минимална Помош
    • Лица со попреченост

    Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

    1. Координатор за антидискриминација и сегрегација во Пехчево
    2. Координатор за антидискриминација и сегрегација во с.Црник
    3. Асистент за самостојно живеење во Пехчево
    4. Асистент за самостојно живеење во с.Чифлик
    5. Асистент за самостојно живеење во с.Умлена
    6. Асистент за самостојно живеење во с.Црник
    7. Асистент за самостојно живеење во с.Црник
    8. Асистент за самостојно живеење во с.Црник
    9. Асистент за самостојно живеење во с.Црник
    10. Асистент за самостојно живеење во с.Црник

    Заинтресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Берово, канцеларија Пехчево во периодот од 21.08.2019 година до 30.08.2019година, од 08:00 до 14:00 часот.

    Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општинаПехчево и избраните кандидати.

    Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Пехчево кај лицето Љупчо Каракашовски, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување-Центар за вработување Берово  кај лицето Љупчо Димитровски и Меѓуопштински Центар за социјална работа Берово, Канцеларија за материјални давања Пехчево кај лицето Лилјана Бојчовска.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Прием на првачињата во детската светска организација во ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево

    По повод Светската недела на детето, денес Градоначалникот на...

    Дневен ред за 29-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...