7.5 C
Pehčevo

    Се одржа промоција на книгата ,, Сенка на галебовата карпа “ на Драгица Лазаровска

    Датум:

    Денеска во кино салата при Дом на култура „Јане Сандански“ Општинскат установа - Матична библиотека„Кочо Рацин“-Пехчево организираше промоција на книгата „Сенка на галебовата карпа“ од Драгица Лазаровска.

    Во кино салата при Дом на култура „Јане Сандански“ Општинската установа – Матична библиотека„Кочо Рацин“-Пехчево организираше промоција на книгата „Сенка на галебовата карпа“ од Драгица Лазаровска.

    „Научете како да му се радувате на животот,како да го живеете тој миг на бескрајна среќа што секој од нас го доживеал барем еднаш. Ова попладне ќе зборуваме за љубовта, за една жена, за едни спомени. Со звуците на музиката ќе рецитираме, ќе се забавуваме. На моменти ќе тагуваме, но на крајот сепак ќе се радуваме. Затоа слушајте,гледајте очекувајте, уживајте.“ – вака водителката Габриела Костадинова ја започна оваа промоција.

    Потоа акцентот го стави на преставување на самата авторка. Драгица Лазаровска е родена 1944 година во село Велгошти-Охридско. Основното училиште го започнала во родното место, а го завршила во Охрид каде се преселува нејзиното семејство. Таму го завршува и средното економско училиште. И покрај големата желба не можела да го продолжи своето образование, поради финансиски причини.

    Денеска во кино салата при Дом на култура „Јане Сандански“ Општинскат установа - Матична библиотека„Кочо Рацин“-Пехчево организираше промоција на книгата „Сенка на галебовата карпа“ од Драгица Лазаровска.

    Промоцијата продолжи со обраќање на претседателот на пензионерското друштво Борис Зарински кој даде едно свое видување за самата авторка. Потоа се читаа стихови испеани за душа,испеани од срце. Рецитаторскиот дел го започна директорката на библиотеката Јасмина Цековска, а веднаш по неа следуваа стихови во интерпретација  на уште три прекрасни дами наставничката Оливера Кратевска, проф. по македонски јазик  Јулија Велковска и Елица Јовевска-помлад соработник во локален економски развој.

    Во продолжение на промоцијата свое обраќање имаше и претседателката на ОЖП примариус,др.Нада Симовска која во кратки црти се обиде да го долови ликот на Драгица Лазаровска.

    Потоа во улога на промотор водителката Габриела Костадинова ја промовираше книгата „Сенка на галебовата карпа“.

    „Книгата е сплет на еден роман и две новели чија тема е поврзана со љубовта, но и болката што произлегува од таа љубов. Читајќи ја книгата дојдов до заклучок дека многу автобиографски елементи од животот на оваа писателка можат да се пронајдат. Драгица го пишува тоа што го пишува на свој начин, со свој стил, бидејќи длабоко од срцето така излегува. Болката и тагата што како нераскинлив дел со години наназад ја пратат во животот и предизвикуваат такви емоции што таа веднаш ги преточува на хартија. Драгица е една силна жена која и покрај се она што и се случи и она што го доживеа сепак знае како да се носи со сите тие разочарувања, со сета таа болка што и го пара срцето“- истакна промоторот Габриела. На крајот свое обраќање имаше и самата авторка Драгица Лазаровска која се заблагодари на спонзорите што овозмозможија оваа книга да излезе од печат и на сите останати гости. А посебно се заблагодари на водителката и промоторката Габриела Костадинова без која оваа промоција немаше да биде таква каква што беше и како благодарност и подари песна посветена на неа.

    Промоцијата заврши со звуците на органата на проф. Александар Парасков.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...

    Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена, Општина Пехчево

    Проектот „Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена,...