12.7 C
Pehčevo

    Најава за спектакуларна музичка програма на шестото издание на Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево – 2016

    Датум:

    Baner FestivalНајреномираната културна манифестација во Малешевијата и поширокиот регион годинашното 6-то издание на Фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2016 и овојпат, согласно реномето, ќе понуди врвни музички доживувања.

    -Привилегија, чест и задоволство за нас ни претставува да го водиме овој фестивал кој е најпрестижна манифестација од тој вид не само во Пехчево и Малешевијата, туку и во регионот и пошироко. Сакаме да најавиме дека оваа година Фестивалот ќе се одржи од 13 до 16 јули.

    Фестивалот на дувачки оркестри низ долгогодишната традиција веќе има наметнато високи уметнички стандарди, така што не планираме позначајни промени кога станува збор за концептот, но сепак најавуваме дека ќе посветиме внимание на одреден дел од програмата да секоја вечер имаме концерт на дувачки оркестри која би била интересна за поширокиот аудитириум, и содржини од најразлични уметнички остварувања – концерти на домашни музички групи и пејачи, а ќе имаме концерти на странски пејачи, кои би привлекле публика од поширокиот регион. Веќе имаме реализирано одредени разговори и се надеваме дека ќе успееме да оствариме дел од овие замисли, истакнаа организаторите на фестивалот.

    И оваа година на спонзорите им изразуваме огромна благодарност што не подржуваат во секоја наша идеја за фестивалот.

    Во најскоро време ќе биде презентирана програмата за 6-тото издание на фестивалот кој и ова лето ќе го задржи реномето со домашни културни збиднувања од музичката сцена.

    Инаку, Фестивалот се организира како дел од активностите за прославување на празникот на градот – Павловден и има за цел да ја промовира традиционалната музика и на дувачките оркестри да им овозможи поголема афирмација.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Национална психолошко-мотивациска работилница „Од тишина до глас“ во Пехчево со Леон

    Национална психолошко-мотивациска работилница „Од тишина до глас“ во Пехчево...

    Изградба на гратска Капела

    Почитувани сограѓани, Со чувство на почит кон традицијата и...

    Реконструирана улица бр 13б во с. Чифлик

    Во село Робово заврши реконструкцијата на улицата бр.13б во...

    Реконструкција на улица бр. 5 с. Робово

    Во село Робово заврши реконструкцијата на улицата бр.5 во...