7.4 C
Pehčevo

    Отворен е нов рибник во Туристичката населба Равна Река во Пехчево

    Датум:

    Со пригодна програма сопствениците на рибникот, градоначалникот на општина Пехчево и други поканети гости во неделата го означија стартот на новиот рибник „Малеш-Фиш“, кој ќе произведува повеќе видови на пастрмка.

    Со пригодна програма сопствениците на рибникот, градоначалникот на општина Пехчево и други поканети гости во неделата го означија стартот на новиот рибник „Малеш-Фиш“, кој ќе произведува повеќе видови на пастрмка. Рибникот се наоѓа на местот на стариот Монополски рибарник на самиот почеток на Туристичката населба „Равна Река“, во недопрените шумски предели на Малешевските планини, Буковик и Кадиица, низ горното течение на реката Брегалница на околу 10 км оддалеченост од Пехчево.

    Сопствениците на објектот сметаат дека овој рибник ќе даде дополнителен развој на туризмот во Туристичката населба. Засега од рибникот може само да си купите свежа пастрмка.

    Со пригодна програма сопствениците на рибникот, градоначалникот на општина Пехчево и други поканети гости во неделата го означија стартот на новиот рибник „Малеш-Фиш“, кој ќе произведува повеќе видови на пастрмка.

    Градоначалникот Поповски истакна дека на Пехчево започнаа да му се случуваат убави работи во последните години и дека Пехчево станува интересно место за живеење.

    – За секој градоначалник е важен економскиот развој. Наша желба е, нашите деца, да останат тука, тука да најдат работа, тука да градат домови, тука да создаваат деца. Затоа секоја инвестиција е многу важна за нас. На Пехчево започнаа да му се случуваат убави работи во последните години. Слободно можам да кажам дека Пехчево станува интересно место за живеење. Фирмата ,,Малеш – фиш“ посакувам да прерасне во една одлична фамилијарна фирма која ќе знае што треба да работи и ќе има концепт за развој за следните години. Мојата желба е да продолжиме да го градиме заедно со сите инвеститори – добронамерници, истакна Поповски.

    Прекрасната шума со која е опкружен рибникот, чистиот и свеж воздух, жуборот на водата, свежата пастрмка се вистинскиот магнет за посетителите на оваа населба. Во непосредна близина на рибникот се наоѓаат познатите Пехчевски водопади: Спиковски водопади, Дебел рид, Скокото и излетничкото место Бараки.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Посета на фабриката Росенбауер во Горна Радгона, Република Словенија

    Посета на фабриката Росенбауер – Инвестиција во безбедна иднина...

    Посета на регионалната депонија CEROP – Република Словенија

    Посета на регионалната депонија CEROP – Република Словенија Градоначалникот Александар...

    Градоначалникот на Општина Пехчево Александар Китански, оствари работна посета на Помурската стопанска комора во Словенија

    Денес Градоначалникот на Општина Пехчево Александар Китански, оствари работна...

    Дневен ред за 35-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...