Врз основа на член 41 став ( 1 ) од Законот за заштита на личните податоци ( „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 42/2020 ) и член 50 став ( 10 ) од Статутот на Општина Пехчево ( „Службен гласник на Општина Пехчево број 06/2016, 05/2019 ), донесе:
РЕШЕНИЕ
за определување на овластено лице за заштита на личните податоци
- СЕ ОПРЕДЕЛУВА лицето Елица Јовевска за овластено лице за заштита на лични податоци односно офицер за заштита на личните податоци во Општина Пехчево.
- СЕ ЗАДОЛЖУВА лицето од точка 1 на ова решение да ги врши следните работи:
- ги информира и советува контролорот ( Општина Пехчево ) или обработувачот и вработените во Општина Пехчево кои вршат обработка соодветно на нивните обврски според одредбите од Законот за заштита на личните податоци;
- ја следи усогласеноста со Законот за заштита на личните податоци, со други засегнати закони кои се однесуваат на заштитата на личните податоци во Република Северна Македонија, како и со политиките на контролорот Општина Пехчево или обработувачот во однос на заштитата на личните податоци, вклучувајќи распределување на одговорности, подигнување на свеста и обучување на вработените кои што учествуваат во операциите на обработка, како и вршење на ревизии за заштита на личните податоци;
- каде што е потребно, дава совети во однос на процената на влијанието на заштитата на личните податоци и го следи извршувањето на процената во согласност на членот 39 од Законот за заштита на личните податоци;
- соработува со Агенцијата за заштита на личните податоци;
- дејствува како контакт точка за Агенцијата во однос на прашањата поврзани со обработката, вклучувајќи ја претходната консултација од членот 40 од Законот за заштита на личните податоци, како и советување според потребите за сите други прашања.
- Овластеното лице е должно при извршувањето на своите работи да ги зема предвид ризиците поврзани со операциите на обработката, како и природата, обемот, контексот и целите на обработкта кај контролорот и одоговара пред Општина Пехчево.
- Ова решение влегува во сила со денот на донесувањето, а престанува да важи решението за определување на овластено лице за заштита на личните податоци број 09-969/1 од 25.08.2021 година.
Процедура за правото на пристап и исправка до личните податоци