18.4 C
Pehčevo

    Дневен ред на петта седница на Советот на Општина Пехчево

    Датум:

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.05/02), и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам петтата седница на Советот на општина Пехчево за ден 30.03.2022 година (среда). Петтата седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево, со почеток во 13:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:

    ДНЕВЕН РЕД

    1. Усвојување на записникот од четвртата седница на советот на општина Пехчево;
    2. Предлог програма за управување со отпад на општина Пехчево за 2022 година;
    3. Предлог одлука за проширување на средствата на Буџетот на општина Пехчево за 2022 година;
    4. Предлог одлука за донесување на Урбанистички план за село Негрево, општина Пехчево плански период 2016 – 2026 година;
    5. Барања од граѓани;
    6. Советнички прашања;
    7. Тековни активности;

      ДОПОЛНУВАЊЕ НА ДНЕВЕН РЕД ЗА ПЕТТАТА СЕДНИЦА

      НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ПЕХЧЕВО

       

      1. Предлог одлука за усвојување на правилник за плати и други надоместоци на плата на вработените во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;
      2. Предлог одлука за давање согласност на Одлуката од УО на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за утврдување вредност на бод за пресметување на плата на административните службеници, давателите на јавни услуги и помошно техничките лица;
      3. Предлог одлука за усвојување на измени и дополнувања на Годишен план за вработување во ЈKП ,,Комуналец,, – Пехчево за 2022 година;
      4. Предлог одлука за усвојување на ценовник за извршување на услуги и работи од страна на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;
      5. Предлог одлука за определелување на висина на цена за собирање и транспортирање на комунален отпад од Пехчево и населените места во општина Пехчево;

     

    Совет на општина Пехчево

                                                                                                        Претседател

                                                                                                            Виолета Ѓорѓиевска

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Посета на фабриката Росенбауер во Горна Радгона, Република Словенија

    Посета на фабриката Росенбауер – Инвестиција во безбедна иднина...

    Посета на регионалната депонија CEROP – Република Словенија

    Посета на регионалната депонија CEROP – Република Словенија Градоначалникот Александар...

    Градоначалникот на Општина Пехчево Александар Китански, оствари работна посета на Помурската стопанска комора во Словенија

    Денес Градоначалникот на Општина Пехчево Александар Китански, оствари работна...

    Дневен ред за 35-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...