8.7 C
Pehčevo

    Преку ,, Форумот за води ‘‘, во с.Умлена и с.Робово ќе се изврши реконструкција и доизградба на канализациониот систем

    Датум:

    Проектот ,, Реконструкција на канализационен систем во с. Умлена и доизградба на канализационен систем во с. Робово ‘‘, доби најголема подршка од граѓаните на општината кои учествуваа на ФОРУМОТ ЗА ВОДИ, во рамки на повикот за мали инфраструктурни проекти од Проектот за управување со речниот слив на р. Брегалница.

    Во рамки на 7 работни групи кои претходно беа формирани и во рамки на кои беа предложени предлог решенија, на втората форумска сесија граѓаните гласаа за 3 предлог-концепти: -Проект ,, Изградба на таложник на Филтер станица за вода за пиење – Пехчево ‘‘; -Проект ,, Реконструкција на канализационен систем во с. Умлена и доизградба на канализационен систем во с Робово‘‘; -Проект ,, Изградба на пречистителна станица на комунални отпадни води во село Црник ‘‘, од кои најмногу гласови доби проектот ,, Реконструкција на канализационен систем во с. Умлена и доизградба на канализационен систем во с Робово ‘‘.

    Градоначалникот Поповски им се заблагодари на граѓаните за нивното присуство и што дадоа предлог за решавање на еден од проблемите во општината.

    -Со реконструкција на канализациониот систем во с. Умлена и доизградба на канализациониот ситем во с. Робово, ќе се решат повеќе проблеми на граѓаните на овие две селски населби.Ја користам оваа можност да им се заблагодарам на граѓаните што во толку голем број учествуваа на форумските сесии и го дадоа својот придонес за развој на Општината, ја зголемија партиципативноста во донесувањето на одлуките и даваа свои предлози и решенија за проблемите со кои се соочуваат. Се надеваме дека успешно ќе го спроведеме проектот што беше изгласан, рече градоначалникот на општина Пехчево, Игор Поповски.

    Проектот ,, Реконструкција на канализационен систем во с. Умлена и доизградба на канализационен систем во с. Робово ‘‘, доби најголема подршка од граѓаните на општината кои учествуваа на ФОРУМОТ ЗА ВОДИ, во рамки на повикот за мали инфраструктурни проекти од Проектот за управување со речниот слив на р. Брегалница.

    Согласно на предвидената динамика на Повикот за доставување на проекти во рамки на малите инфраструктурни проекти, општинската администрација ќе подготви апликација со соодветна техничка документација за предодобрување до структурите на Проектот за управување со речниот слив на р.Брегалница до 10.10.2013 година и последователно до крајот на декември 2013 година целосна документација за финално усвојување на избраниот проект од страна на граѓаните на општина Пехчево.

    Проектот за управување со речниот слив на Брегалница е финансиски подржан од страна на Државниот секретаријат за економски работи (SECO) на Швајцарската Конфедерација и има за цел изработка на одржлив и опширен план за водените ресурси на втората по големина река во Македонија.Швајцарската влада во имплементација на малите инфраструктурни проекти ќе учествува со максимум 50.000 швајцарски франци или 83,2 %, додека општина Пехчево треба да учествува со минимум  16,7 % од вредноста на инвестицијата.

    Имплементацијата на овој проект ќе започне во текот на вториот квартал на 2014 година.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...