11.7 C
Pehčevo

    Предновогодишниот културен настан во Пехчево ја преполни салата во Домот на културата во Пехчево

    Датум:

    Новогодишен концерт2

    Во пресрет на новогодишните празници, во домот на културата „Јане Сандански“ во Пехчево, се одржа новогодишен концерт, со богата културно-уметничка програма. Концертот го организираа професорите Никола Зафировски и Драган Колевски, со поддршка од општина Пехчево и Домот на културата „Јане Сандански“ – Пехчево и е дел од новогодишната културна понуда во градот.

    Новогодишен концерт1

    На концертот учество зедоа на 30 поранешни, сегашни и идни ученици, наставници, музички соработници групирани во мал, голем хор, оркестари и др.

    Професорите Никола Зафировски и Драган Колевски го приредија најубавиот предновогодишен културен настан во Пехчево, кој ја преполни салата во Домот на културата во Пехчево, и вистинско задоволство беше да се присуствува на овој настан.

    Новогодишен концерт

    Сите композиции наидоа на одличен прием кај публиката, која ги наградуваше учесниците со долги аплаузи.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    РЕШЕНИЕ за одобрување проектна програма

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    ЈАВЕН ПОВИК за член на Управен одбор во ЈКП ,,Комуналец” Пехчево

    ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на лица - за член на Управен одбор...

    Дневен ред за 13-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Jавна расправа по Нацрт-Просторниот план на Република Северна Македонија 2040

    Почитувани, Центарот за развој на Источниот плански регион во име на Министерството...