0.3 C
Pehčevo

    Покана за прес-конференција – Фестивал на дувачки оркестри Пехчево 2015

    Датум:

                                                   Фестивал лого  Грб на општина Пехчево

    До: Медиуми

    Предмет: Покана на прес-конференција

    Почитивани,

    Општина Пехчево по петти пат го организира единствениот фестивал во земјава посветен на дувачките оркестри, „Фестивал на дувачки оркестри-Пехчево 2015“. По повод почетокот на фестивалот 10 јули, Општина Пехчево организира прес-конференција за медиумите со цел поблиску да ја запознаеме јавноста со годинешното издание на фестивалот кој ќе трае од 10 до 13 јули.
    На прес-конференцијата, покрај градоначланикот на Општина Пехчево, Игор Поповски и организаторите на фестивалот, ќе присуствуваат претседателот на жири-комисијата врвен експерт од оваа област, професорот по музичка академија Васил Ристов и победникот од минатата година на фестивалот Уска – Кан. Средбата со новинарите ќе се одржи во просториите на Општина Пехчево, во понеделник во 11 часот, а почетокот на фестивалот е на 10 јули во 19 часот на градскиот плоштад.

    Во прилог ја доставуваме агендата на „Фестивалот на дувачките оркестри Пехчево 2015“.

    10.07.2015 година

    19:00 – Почеток на дефилето
    19:15 – Отварање на фестивалот
    19:30 – Настап на мажоретниот состав од Благоевград и дувачкиот оркестар од Сандански – Република Бугарија
    20:00 – Настап на пеачката група при Ансамблот „Танец“ од Скопје
    21:00 – Концерт на дувачкиот оркестар од Република Србија – Bojan Ristic Brass Band
    23:00 – Концерт на македонските забавни пеачи: Викторија Лоба, Влатко Илиевски;
    01:00 – DJ – Soundmessenger – (Erik Fok + Simona P.)

    11.07.2015 година

    19:30 – Настап на децата од детската градинка „7 Септември“ – Пехчево
    – Настап на млади талентирани пеачи од Пехчево
    – Маринела Секуловска;
    – Бојана Костовски – „Фанданго“ – Шпански танец ;
    – Бојан Костовски – „Не кани ме“
    – Филип Крамарски – „Дафино вино црвено“
    – Бојан Костовски – „Фато мори душманке“
    – Величка Живановска –„Не кажувај либе добра ноќ“
    – Живка Живановска  – „Светот е полн со убавини“
    20:00 – „Кверкус Бенд“ – Пехчево
    20:30 – Концерт на дувачкиот оркестар „Уска – Кан“
    22:30 – Концерт на македонската ѕвезда Јордан Митев
    00:30 – DJ – Brass Brothers

    12.07.2015 година

    20:00 – Настап на фолклоната формација „Мегдана“ – Република Бугарија
    21:00 – Концерт на дувачкиот оркестар од Република Србија – Марко Трнавац
    23:00 – Концерт на Дани Димитровска;
    00:00 – DJ Cosmo – Z + Maxx Sax ( Criminal Sax);

    13.07.2015 година

    12:00 Отварање на Етно саемот
    12:30 Настап на фолклорната формација „Мегдана„
    13:00 Настап на КУД „Искрици“ – Благоевград – Р. Бугарија
    14:00 КУД „Копачка“ – Делчево
    14:30 Настап на КУД „Гоце Делчев“ – Делчево и КУД „Тернипе“ МК – Делчево
    14:30 Црковен ручок
    15:00 Настап на КУД од Куманово
    15:40 Настап на КУД „Димитар Беровски“ – Берово
    16:10 Настап на КУД од Македонска Каменица“
    16:40 Фолклорен ансамбал „Мугри“ – при центарот за култура „Бели Мугри“
    17:00 Пензионерскиот хор од Пехчево
    17:15 Настап Женската играорна група при Домот на културата „Јане Сандански“ – Пехчево
    17:30 Тамбурашки оркестар „Кико – бенд“ – Пехчево
    18:00 Женската играорна група при Домот на културата „Јане Сандански“ – Пехчево
    18:10 КУД „Љупчо Сантов“ – с. Оризари – Кочани
    18:30 ЗУМБА – Група на модерни танци при Домот на културата „Јане Сандански“ –Пехчево
    18:35 – Браќа Трајановски – с. Панчарево
    18:50 Настап на Михаил Шоповски и Јагода Шатевска
    20:30 Натпревар на дувачки оркестри
    22:30 Концерт на македонскиот народен пеач Миле Кузмановски и Ѓезме
    00:00 Прогласување на победниците
    00:30 DJ од Република Бугарија

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...