8.7 C
Pehčevo

    Дневен ред за 34-та седница

    Датум:

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.Весник на РМ бр.05/02 и Сл.Весник на РСМ бр.202/24) и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам 34-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 14.03.2025 (петок). 34-та седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на општина Пехчево, со почеток во 15:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:

    ДНЕВЕН РЕД

    1. Усвојување на записникот од 33-та седница на советот на општина Пехчево;
    2. Предлог одлука за сопствено учество (кофинансирање) и одобрување на финансиски средства на Општина Пехчево за реализација на проектот-,,Изградба на дел од улица 1 во индустриска зона Чуката,, Пехчево;
    3. Предлог одлука за сопствено учество (кофинансирање) и одобрување на финансиски средства на општина Пехчево за реализација на проектот – “Реконструкција и рехабилитација на постоечки пат на КП 2378 во село Умлена;
    4. Предлог одлука за усвојување на одлука од УО на ЈКП Комуналец за утврдување на тарифа за собирање и одведување на урбани отпадни води, за регулиран период 2025-2027 година;
    5. Предлог одлука за усвојување на Одлуката од УО на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување, за регулиран период 2025 – 2027 година;
    6. Предлог одлука за давање согласност на Одлуката од УО на ЈКП Комуналец Пехчево, за обезбедување на финансиски средства за покривање на загубата на претпријатието;
    7. Предлог одлука за усвојување на дванаесетмесечен извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево од 01.01.2024 до 31.12.2024 година;
    8. Предлог одлука за усвојување на Завршната сметка на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за 2024 година;
    9. Предлог одлука за усвојување на Извештај за извршени работи во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за период јануари – декември 2024 година;
    10. Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за финансирање на проекти од областа на културата на општина Пехчево за 2024 година;
    11. Предлог одлука за усвојување на Годишен извештај за Програмата за еднакви можности помеѓу мажите и жените на општина Пехчево за 2024 година;
    12. Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за реализирани активности од програмата за здравствена и социјална заштита на општина Пехчево за 2024 година;
    13. Предлог одлука за усвојување на Кварталeн извештај за извршување на буџетот на општина Пехчево за период од 01.01.2024 година до 31.12.2024 година;
    14. Предлог одлука за усвојување на Годишен финансиски извештај од работењето на општина Пехчево за 2024 година;
    15. Предлог одлука за усвојување на Завршната сметка на општина Пехчево за 2024 година;
    16. Предлог одлука за усвојување на Завршната сметка на ОУ МБ ,,Кочо Рацин,, – Пехчево за 2024 година;
    17. Предлог одлука за усвојување на извештај за Програмата за развој на туризмот во општина Пехчево за 2024 година;
    18. Предлог програма за активностите на општина Пехчево во областа на туризмот за 2025 година;
    19. Предлог oдлука за усвојување на извештај за извршен попис на парични средства на жиро сметките, благајните, побарувањата, обврските, градежните објекти, улици, патишта и опрема на општина Пехчево за 2024;
    20. Барање од граѓани;
    21. Советнички прашања;

     

    Совет на општина Пехчево

    Претседател

    Виолета Ѓорѓиевска с.р.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Конститутивна седница на Советот на општина Пехчево

    Денес во општина Пехчево се одржа конститутивната седница на...

    ADRISKY

     Пехчево домаќин на третиот проектен состанок на ADRISKY Општина...

    Донација на книги во ОУМБ “Кочо Рацин“- Пехчево

    Општина Пехчево, зa локалната Библиотека, обезбеди донација од американската...

    Дневен ред за 38-ма седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...