11.6 C
Pehčevo

    Ново место за одмор и рекреација на посетителите во Туристичката населба ,, Равна Река “ – Пехчево

    Датум:

    Во Туристичката населба ,, Рзвна Река “, Мотелот ,, Дивина “ е новото одредиште за посетителите на Пехчево и надалеку познатите Пехчевски водопади. Овде освен на пастрмка и надалеку познатите традиционални пехчевски јадења и специјалитети,посетителите ќе можат во мотелот и да преноќат.

    Во Туристичката населба ,, Рзвна Река “, Мотелот ,, Дивина “ е новото одредиште за посетителите на Пехчево и надалеку познатите Пехчевски водопади.
    Истражувањето на волшебните убавини, спојот на природата и традицијата се предизвици на кои ретко кој може да им одолее.

    На околу 10тина километри од Пехчево сместен е мотелот ,, Дивина “, во недопрените шумски предели на Малешевските планини, Буковик и Кадиица, низ горното течение на реката Брегалница, вгнезден е невчекорен природен рај. Мотелот е опколен со големи и длабоки борови шуми, студени потоци и чист планински воздух.
    Во непосредна близина на Мотелот се наоѓаат познатите Пехчевски водопади: Спиковски водопади, Дебел рид, Скокото и излетничкото место Бараки. До водопадите води модерно уредена патека изработена од автохтон дрвен материјал и неколку клупи за одмор и уживање во несекојдневната глетка на надморска височина од над 1600 метри.

    Мотелот се наоѓа на самиот пат точно после влезот на првите водопади. Сопственикот Ванчо Ризовски вели дека бројот на туристите во овој крај енормно се зголемил. Токму поради тоа се одлучиле на една ваква инвестиција. Близината на водопадите, прекрасната природа на Туристичката населба Равна Река, богатството со реки, шуми и дивеч се вистинска мета за посетителите. Мотелот е опкружен со најубавата природа во Македонија, вели Ванчо Ризовски, сопственик на мотелот.

    Во Туристичката населба ,, Рзвна Река “, Мотелот ,, Дивина “ е новото одредиште за посетителите на Пехчево и надалеку познатите Пехчевски водопади.
    Специјалитетот на куќата секако се рибите, но не изостануваат и традиционалните специјалитети, качамак, зелник, домашни производи, сокови, производи од компир, домашно сирење, домашна сливова ракоја, домашен ликер од Аронинја, ребизла, диви јагоди, дива малина, вишна, и боровница и многу други специјалитети подготвени од вештите раце на добрите кувари во мотелот. А за сите кои сакаат да останат да ги истражуваат убавините на природата и да уживаат во надалеку познатите Пехчевски водопади можат во мотелот и да преноќат.

    Општина Пехчево во моментов работи на подобрување на оваа место со еликтрификација, канализациона мрежа, додатни пешачки патеки, пристапни патишта но и долготрајни понуди како мотели и ресторани. Овие подобрувања нема да ја нарушат убавината на местото и посетителите се добредојдени преку целата година.

    Мотел ,, Дивина ‘‘ – Пехчево
    контакт:
    тел. +38933441577
    моб. +38971311854
    Е-пошта: vanco_rizovski@yahoo.com

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена, Општина Пехчево

    Проектот „Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена,...

    Прослава за 100 години од постоењето на библиотеката „Кочо Рацин“ – Пехчево

    Општинската јавна установа Матична библиотека ,,Кочо Рацин” од Пехчево...