5.2 C
Pehčevo

    Под мотото „За зелено Пехчево-засади ја својата иднина“ денеска во Пехчево одбележан Денот на дрвото

    Датум:

    Временските услови не беа пречка за пехчевци да излезат масовно и да го одбележат Денот на дрвото. Под мотото „За зелено Пехчево-засади ја својата иднина“ денеска градоначалникот Игор Поповски заедно со вработените од општината засадија над 50 садници црн бор.

    den-na-drvoto2

    Во разубавување и разеленување на зелената површина учествуваа сите ученици до деветолетка од основното училиште во општината и средношколците кои садеа во училишните дворови, а најмладите во градинките.

    den-na-drvoto1

    – Колку оваа акција ќе биде успешна зависи од нас самите. Ако ги чуваме и правилно ги одгледуваме новите садници истите за некоја година ќе не „наградат“ со почист воздух, поздрава и поубава околина за живеење. Затоа апелирам до своите сограѓани заедно да ги чуваме младите дрвца и да не дозволиме никакви вандалски однесувања затоа што чувајќи ги дрвцата ќе добиеме непроценливо богатство кое во иднина за нашите деца ќе значи и поубав свет, истакна градоначалникот Поповски.

    Оваа акција ќе трае во текот на целиот месец и ќе бидат опфатени и делови од планината Буковик каде што веќе се подготвени дупки за садење нови дрвца. Ќе бидат засадени над 10 000 дрвца од видот Црн и Бел бор.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Јавен повик за доставување на понуди за реконструкција на административна зграда на општина Пехчево

    Република Северна Македонија   БАРАЊЕ ЗА ПОНУДИ за   За  Реконструкција на административна...

    ЈАВЕН ПОВИК за членови на Управен одбор во ЈКП ,,Комуналец” Пехчево

    Во согласност со одлуката на Владата за што поголема...