2.1 C
Pehčevo

    Општина Пехчево инвестирала околу четири милиони евра во разни инфраструктурни проекти

    Датум:

    Прес-конференција

    На денешната прес- конференција, градоначалникот Игор Поповски направи рекапитулација на реализираните, тековните и идните инфраструктурни проекти и капиталните инвестиции. Тој посочи дека Пехчево, во изминативе три години и седум месеци континуирано се уредува и разубавува и дека не постои место на територијата на општина Пехчево, каде во изминативе години не се инвестирало, реконструирало или градело.

    Подобрувањето на животот на сите наши граѓани со подобрувањето на инфраструкурата , развојот на индустријата , беше приматот на општина Пехчево  во овие 3 години и седум месеци, во кои континуирано се уредува и разубавува и не постои место на територијата на општина Пехчево, каде во изминативе години не се инвестирало, реконструирало или градело.

    Знаејќи какви се проблеми не очекуваат како наследство,  уште пред почеток на мандатот во 2013 кажав дека нашето искачување ќе биде стрмно, а патот по кој ќе се движиме трновит. Можеби ќе има ниски стартови и одложени рокови. На некои места  можеби нема да стигнеме за една или две години, можеби не за еден мандат, но јас верував и тогаш, а верувам и сега дека се она што сме го ветиле ќе биде остварено.

    До сега успеавме да инвестираме околу 4 милиони евра во разни инфраструктурни проекти кои опфаќаат реконструкција, санација, одржување и изградба на улици во сите населени места во општината. Изградивме  нови  линии  за фекална  канализација,  градевме и реконструиравме водоводи, го уредивме плоштадот во Пехчево, градевме спортски игралишта, а ги уредувавме и туристичките локалитети и паркови, ја електрифициравме Туристичката населба Равна река за развој на туризмот во општината и многу други проекти за кои се сведоци нашите граѓани.

    Пехчево и пехчевци за многу скоро, како што истакна градоначалникот Поповски, ќе се радуваат на отпочнување со градба на капиталните инвестиции кои се од суштинско значење за функционирање на градот.

    За разлика од претходните состави оваа Локална самоуправа е препознатлива по тоа што за секој проект што е најавен или ветен , без разлика на неговата големина, претходи серија на обврзувачки постапки и активности и почитување на временски рокови за обезбедување на комплетна документација која е во согласност со постоечките законски регулативи и прописи.

    Пехчво и пехчевци за многу скоро, ќе се радуваат на отпочнување со градба на капиталните инвестиции кои се од суштинско значење за функционирање на градот. Наскоро во Пехчево ќе започнеме со изградба и рехабилитација на улиците во градот во должина од три ипол километри. Тоа значи целосна изградба на 8 улици, а ќе изградиме и тротоари на истите. Овој проект треба да заврши во првата половина на 2017 година. Започнавме и со изградба на тротоари на една од најфренкфентните улици во градот улицата Јулија Веселинска, а до крајот на месец декември ќе биде целосно изградена и старата училишна зграда за потребите на средното обрзование од дисперзираните паралелки при училиштето Ацо Русковски. На големо задоволство на сопствениците на викендици и заинтересираните купувачи на парцели на Туристичката населба Равна река е изградбата на канализациона мрежа, а ќе го имплементираме и проектот преку меѓуграничната соработка за развој на туризмот со општина Гоце Делчев, Република Бугарија.

    Една од главните карактеристики по која е препознатливо работењето на овој состав на локалната самоуправа во делот на инфраструктурата се многубројните реализирани проекти во сите сфери додава Поповски.

    До сега ги реализиравме или се во фаза на реализација сите инфраструктурни проекти кои беа во мојата програма за локалните избори во 2013 година, а реализиравме и 32 проекти кои не беа во програмата од различни сфери. Сите во дослух со граѓаните за кои тие се изјасниле дека им се приоритетни. Континуираното, посветено, чесно и транспарентно инвестирање во инфраструктурата, во капитални инвестиции и во општеството е нашиот начин на работа, кој не се менува од првиот ден на мандатот па до денес. Ве уверувам дека во периодот што следи продолжуваме со уште посилно темпо да го градиме Пехчево и да го разубавуваме неговиот лик, бидејќи пехчевци и гостите тоа го заслужуваат. Во тој натпревар за Пехчево, нити јас ниту еден од моите соработници, како и до сега,  нема да се штеди и ќе го даде  најдоброто од себе за најдоброто на нашата општина.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...

    Кампања „Општина на дланка“

    Општина Пехчево се приклучува на кампањата „Општина на дланка“. Со...

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...