10.9 C
Pehčevo

    Пехчево свечено го одбележа денот на ослободувањето

    Датум:

    Општина Пехчево го одбележа Денот на ослободувањето на градот, а како и секоја година, беа доделени признанијата 7-ми Септември.

    7 Септември

    Во рамки на одбележувањето на 7 Септември, чествувањето започна во 10 часот пред Споменикот на Ванчо Китанов на градскиот плоштад , каде цвеќиња положија, сестрата на Ванчо Китанов, делегација од локалната самоуправа предводена од градоначалникот Поповски, Советот на општина Пехчево, делегација од детската градинка ,, 7 Септември ’’, делегација од Пратеничката канцеларија во Собранието на Р.Макединија, делегација од ООУ ,, Ванчо Китанов ‘‘, ЈПУД ,, Равен “, матична библиотека ,, Кочо Рацин “, ЈЗУ ,, Здравен дом “, Организација на жени, Здружение на резервни официри за Пехчево и Берово.

    7 Септември

    Настаните за чествување на Денот на ослободување на Пехчево – 7 Септември продолжи со свечена седница на Советот на Општина Пехчево на која Претседателот на советот, Стојче Стефановски кој меѓу другото се задржа на историските прилики кои водеа до ослободувањето,  зборуваше за развојот на Пехчево од ослободувањето па се до денес и за значењето на 7 Септември.

    7 Септември

    Свое обраќање имаше градоначалникот на општина Пехчево, Игор Поповски, кој на сите граѓани на Пехчево им го честиташе Денот на ослободувањето на градот:

    ,, Денес се навршуваат 71 години од денот кога жителите на Пехчево  ја дочекаа и ја славеа слободата, 7 септември далечната 1944 година, која не потсетува на храброста и борбата на сите наши предци-пехчевци, ни дава поттик да продолжиме да си ја зачуваме храброста како одлика, да продолжиме да ја чуваме слободата и да се трудиме заеднички и денес и утре да ја остваруваме генералната визија за поквалитетен живот на сите наши сограѓани, и за просперитетна и прогресивна општина.

    Од тој ден, Пехчево пулсира како слободен град и се движи по патеката на својот постојан развој. Затоа и денес, гордо живееме тука. Тука сме да ја оддадеме нашата длабока почит на сите оние кои го дадоа својот живот за слободата на Пехчево и на сите преживеани борци, кои пред нас и овој пат сведочат за еден од најсветлите денови од историјата на нашиот град.

    Извојуваната слобода е дело на целиот македонски народ па затоа таа мора да се чува како најголема светост од сите и во сите времиња.

    Нека ни е честит денот на ослободувањето на Пехчево 7 Септември ‘‘ – истакна градоначалникот на општина Пехчево, Игор Поповски, а воедно на детската градинка ,, 7 Септември ‘‘ им го честиташе патрониот празник, а на сите грагани на Република Македонија им го честиташе утрешниот ден 8 Септември , 24 години од независноста на Република Македонија.

    7 Септември

    Меѓу другото, тој се задржа и на проектите кои се остварија во неговиот мандат како и тековните активности и идни проекти кои ќе обезбедат развој на градот.

    7 Септември

    За време на чествувањето беше прочитано и монографија за Пехчево и поетско читање во чест на ослободувањето на Пехчево и Ванчо Китанов од страна на Елица Јовевска и Габриела Костадиова, а свој настап имаа и децата од градинката ,, 7 Септември “.

    7 Септември

    По повод 7 Септември, Денот на ослободувањето на градот на свечената седница, градоначалникот и претседателот на Советот им ги доделија традиционалните признанија на поединци и на заслужни фирми во општината:

    • Плакета и благодарница за најзаслужен граѓанин на општината по втор пат доби Бранко Бојчевски.
    • Плакетата и благодарница за најзаслужна фирма оваа година и припадна на компанијата ,, Кит-Го ‘‘ – Штип.

    7 септември

    • Диплома за Ученик на генерацијата за 9-то одделение при ООУ ,, Ванчо Китанов “ – Пехчево (2014/2015 година) доби Маја Пандова.

    7 Септември

    • Благодарница и плакета доби и ПСД. КАДИИЦА – Пехчево за најголем допринос и соработка со Општина Пехчево  за развој на туризмот и промоција на општината.

    7 Септември

    • Додека благодарница за најголем допринос и соработка со Општина Пехчево во областа на развоја на спортот во општината доби ФК КИТ ГО ПЕХЧЕВО.

    Во рамки на централната манифестација по повод одбележувањето на 71-годишнината од ослободувањето на Пехчево, чествувањето продолжи со традиционалниот коктел кој на овој ден секоја година по повод патрониот празник на Детската градинка ,, 7 Септември “, го организира на кој беа поканети сите граѓани на Пехчево.

    Празнувањето е планирано да продолжи во 19:30 во Домот на културата ,, Јане Сандански “-Пехчево каде ќе гостуваат учесниците на фестивалот ,, Малешевско Ѕвонче “ – 2015 Берово.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Прием на првачињата во детската светска организација во ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево

    По повод Светската недела на детето, денес Градоначалникот на...

    Дневен ред за 29-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...