1.5 C
Pehčevo

    Донација од Еко Пак Хит, Пехчево доби нови шест контињери за специјален комунален отпад

    Датум:

    Компанијата Еко Пак Хит продолжува со инвестиции низ Брегалничкиот регион насочени кон подобрување на комуналната сфера.

    Компанијата Еко Пак Хит продолжува со инвестиции низ Брегалничкиот регион насочени кон подобрување на комуналната сфера. Денес на пригодна свеченост во Пехчево компанијата Еко Пак Хит од Кочани на општината и донираше 6 специјални контињери за комуналед отпад, кои со својата функционалност ќе придонесат кон подобра хигиена на градот и урбаниот изглед низ улиците.

    Компанијата Еко Пак Хит продолжува со инвестиции низ Брегалничкиот регион насочени кон подобрување на комуналната свера.

    Донацијата во Пехчево ја прими градоначалникот Игор Поповски, кој се заблагодари за подршката од Еко Пак Хит од Кочани во справувањето со отпадот и изрази уверение дека со ваква партнерска соработка Пехчево набрзо ќе биде град кој одржливо и ефикасно ќе се справува со отпадот. Поповски истакна и дека граѓаните на Пехчево имаат развиено висока свест за екологијата и дека селектирањето на отпадот треба да стане навика на сите граѓани на општината.

    Директорката на Еко Пак Хит од Кочани Билјана Митева најави дека ваква соработка имаат воспоставено со општините на Малешевско-пијанечкиот регион , но наскоро договори ќе бидат потпишани и со другите општини од Брегалничкиот регион.

    Компанијата Еко Пак Хит продолжува со инвестиции низ Брегалничкиот регион насочени кон подобрување на комуналната сфера.

    Инаку, донираните контињери ќе бидат распоредени на повеќе локации, главно пред позначајните институции во општината.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...