7.6 C
Pehčevo

    Есенската акција „Ден на дрвото“ успешно реализирана во Пехчево

    Датум:

     Пехчево и годинава се приклучува кон акцијата Ден на дрвото- засади ја својата иднина. Првите неколку дрвца беа засадени пред два дена и тоа на повече локации низ општината.
    Пехчево и годинава се приклучува кон акцијата „Ден на дрвото- засади ја својата иднина“. Првите неколку дрвца беа засадени пред два дена и тоа на повече локации низ општината.

    Денес акцијата „Ден на дрвото” успешно се реализираше на локација во м.в.Елата во Пехчево.

    Пехчево и годинава се приклучува кон акцијата Ден на дрвото- засади ја својата иднина. Првите неколку дрвца беа засадени пред два дена и тоа на повече локации низ општината.
    Временските услови не беа пречка за пехчевци да излезат масовно и да посадат 2000 илјади дрвца. Градоначалникот Поповски и вработените во администрацијата, вработените од јавните претпријатија, учениците, наставниците и други граѓани на општината заедно со вработените во Македонски шуми зедоа активно учество во есенската акција „Ден на дрвото“, за да придонесат во создавањето на здрава и чиста животна средина за сегашните и идните генерации.

    Пехчево и годинава се приклучува кон акцијата Ден на дрвото- засади ја својата иднина. Првите неколку дрвца беа засадени пред два дена и тоа на повече локации низ општината.
    „Оваа година првпат организирано засадуваме и во урбаниот дел. Поделени се над 2000 дрвца јавор со кои ќе се разубавува урбаниот дел и периферијата на Пехчево. Акцијата стана убава традиција, на граѓаните им ја подига свеста за потребата од заштита на природата и ја разубавува нашата средина и го прави градот позелен и почист. Искуството покажува дека на овој начин се придонесува за еколошки чиста и здрава животна средина. Локалната самоуправа во иднина ќе продолжи да ги поддржува ваквите граѓански иницијативи, се со цел да даде свој придонес во унапредувањето на животната средина“, истакна градоначалникот Игор Поповски, нагласувајќи дека општината продолжува со сите еколошки мерки согласно одлуките на Советот и програмата на општина Пехчево.

    Пехчево и годинава се приклучува кон акцијата Ден на дрвото- засади ја својата иднина. Првите неколку дрвца беа засадени пред два дена и тоа на повече локации низ општината.
    Денес во Пехчево како дел од акцијата „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“, беше и Сузана Секуловска – пратеник во Собранието на Р.Македонија од Пехчево, која истакна дека со овие акции за пошумување се придонесува за подобра животна средина и полесно справување со климатските промени и глобаното затоплување.

    „Преку оваа акција Владата на Република Македонија покажува дека се грижи за екологијата во Македонија, бидејќи покрај законите кои што ги носи во насока на подобрување на условите за здрава и чиста животна средина и на дело покажува дека спроведува активности кои што директно влијаат за здравјето на граѓаните во Република Македонија“, изјави пратеничката Секуловска.

    Оваа акција е 14-та по ред, а досегашните веќе покажаа голема успешност. Инаку денес во Пехчево се садеше на две локации и тоа на м.в Елата и Буковик.

    Пехчево и годинава се приклучува кон акцијата Ден на дрвото- засади ја својата иднина. Првите неколку дрвца беа засадени пред два дена и тоа на повече локации низ општината.
    Активно учество за „Ден на дрвото“ зедоа и учениците и наставниците од ООУ. „Ванчо Китанов“, кои чистеа и садеа дрвца во училишниот двор.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Прием на првачињата во детската светска организација во ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево

    По повод Светската недела на детето, денес Градоначалникот на...

    Дневен ред за 29-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...