-0.2 C
Pehčevo

    Општина Пехчево за сите граѓани организира отворени денови на општината

    Датум:

    Општина Пехчево, во рамките на своите заложби за активно учество на граѓаните во креирањето и реализацијата на визиите за развој на локалната самоуправа, по новогодишните и божиќните празници односно од 13 до 18 јануари, организира Отворени денови на општината и денови на идеи.

    Општина Пехчево, во рамките на своите заложби за активно учество на граѓаните во креирањето и реализацијата на визиите за развој на локалната самоуправа, по новогодишните и божиќните празници односно од 13 до 18 јануари 2014 година, организира Отворени денови на општината и денови на идеи.

    Деновите на идеи ќе се организираа во просториите на општина Пехчево во периодот од  12.00 до 15.00 часот, а граѓаните ќе можат да ги претстават своите идеи, предлози и проекти пред Градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски и вработените во општинската администрација.

    Целта да се организира Отворени денови на општината и денови на идеи е граѓаните преку изнесување на своите идеи, предлози, мерки и проекти од сите сфери кои се во надлежност на локалната самоуправа да дадат свој придонес во континуираните активности на општината и јавните претпријатија насочени кон создавање подобри услови за живот во сите сфери на општественото живеење. Граѓаните исто така  ќе можат да побараат одговор на прашања кои се од нивни интерес, да ги изнесат своите проблеми и да бараат решение за истите.

    Ова е за прв пат Општина Пехчево да организира отворени средби со граѓаните и сите предлози, идеи службите најпрвин ќе ги систематизираат, а потоа сите тие наоѓаат свое место во различните програми кои Општината – градоначалникот и советниците ги реализираат.

    Градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски ги повикува граѓаните да ја искористат оваа можност и да ги дадат своите идеи и предлози.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...

    Кампања „Општина на дланка“

    Општина Пехчево се приклучува на кампањата „Општина на дланка“. Со...

    Дневен ред за 31-ва седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...