9 C
Pehčevo

    Оглас – Подобрување на енергетската ефикасност на неколку јавни згради во општина Пехчево

    Датум:

    11
    МИЛИЕУКОНТАКТ МАКЕДОНИЈА
    Кукушка 4а
    1000 Скопје
    Македонија

    Проект на УСАИД за Oпштински стратегии за климатски промени кој го спроведува Милиеуконтант Македонија
    Барање за доставување понуди бр. 056-1/03-14

    Во рамките на проектот на УСАИД за Oпштински стратегии за климатски промени, заради подобрување на енергетската ефикасност на неколку јавни згради во општина Пехчево, Милиеуконтант Македонија има потреба од изведувач за топлинска изолација на надворешни ѕидови, кров, замена на врати и прозорци, набавка и инсталација на термостатски вентили, изградба на котлара, набавка и инсталирање на систем за парно греење на пелети, замена на живини светилки за улично осветлување со енергетски ефикасни.

    Ги покануваме заинтересираните субјекти да испратат е-маил во кој ќе изразат интерес за доставување понуда на е-маил адресата: info@mkm.mk. На заинтересираните субјекти ќе им биде испратена тендерската документација која ќе им послужи како основа за подготовка на понудата.

    Рокот за доставување на понудите е 21 јули 2014 година, до 12.00 на адресата на Милиеуконтакт Македонија. Понудите можат да се достават во затворено плико на рака или со препорачана пошта.

    Понудите што ќе стигнат по предвидениот рок, нема да бидат земени предвид.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Посета на фабриката Росенбауер во Горна Радгона, Република Словенија

    Посета на фабриката Росенбауер – Инвестиција во безбедна иднина...

    Посета на регионалната депонија CEROP – Република Словенија

    Посета на регионалната депонија CEROP – Република Словенија Градоначалникот Александар...

    Градоначалникот на Општина Пехчево Александар Китански, оствари работна посета на Помурската стопанска комора во Словенија

    Денес Градоначалникот на Општина Пехчево Александар Китански, оствари работна...

    Дневен ред за 35-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...