18.3 C
Pehčevo

    Новогодишни пакетчиња од градоначалникот Тренчовски за децата со посебни потреби

    Датум:

    Градоначалникот на општина Пехчево Драган Тренчовски денеска го посети Дневниот центар за лица со посебни потреби во Берово.

    Пакетчиња дневен центар

    Тренчовски на децата им подари пакетчиња по повод Новогодишните и Божиќните празници, се со цел да се подари насмевка и радост на овие лица.

    – Продолжуваме со традиционалната активност за делење новогодишни пакетчиња за најчувствителниот дел од населението, во случајов на лицата со посебни потреби и лица без родители. Преку овие скромни подароци (пакетчиња) Општина Пехчево сака да биде дел од радоста на овие деца.

    Дневен центар Пакетчиња

    Мојата желба за новата 2020 година е господ да им дава многу здравје, медицината да напредне и да открие лекови за тие деца, истакна градоначалникот Тренчовски.

    Вработените изразија голема благодарност до градоначалникот и локалната самоуправа поради тоа што веќе повеќе години наназад и оваа година ги израдува и посети децата.

    Пакетчиња дневен центар1

    Корисниците на дневниот центар на градоначалникот му подарија рачно изработена елка да го краси неговиот кабинет за новогодишните празници.

     

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Реконструкција на улиците „Илинденска“, „Мирче Ацев“ и „Даме Груев“, како и нивните краци, со изградба на нова атмосферска канализација

    Започнува реализацијата на проектот за реконструкција на улиците „Илинденска“,...

    Јавен повик за член на Управен одбор во ЈКП ,,Комуналец” Пехчево

    ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на лица -          за член на Управен одбор...

    Дневен ред за 10-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...