11.6 C
Pehčevo

    Ќе се реконструира старата училишна зграда во Пехчево

    Датум:

    Во Пехчево ќе се реконструира старата гимназија, каде ќе бидат сместени дисперзираните паралелки на беровската гимназија „Ацо Русковски“.

    Старата училишна зграда во Пехчево, каде во 50-тите години на минатиот век се одвивала просветната дејност во оваа малешевска општина, а со години пропаѓа неискористена, конечно, ќе ја врати својата функција.

    За проектот за реконструкција на старата гимназија изработен од Општина Пехчево, е распишан тендер, а Министерството за образование и наука има одвоено 9 милиони денари, информира градоначалникот Игор Поповски.

    – Планирана е комплета реконструкција на училишната зграда. Ќе се реконструира стариот кров на училиштето, ќе се стави нова плоча, нови прозорци, односно ќе добиеме современо училиште. Ова значи дека ќе ја вратиме образовната функција на старата училишна зграда. Ние одамна сакавме да се реконструира и конечно, овој проект ќе го реализираме, рече Поповски.

    Гоце Џалески, директор на СОУ „Ацо Русковски“ – Берово, потенцира дека во дисперзираните паралелки во Пехчево учат 140 деца кои слушаат настава во 7 паралелки.

    – Настава се следи во училници од деветолетката „Ванчо Китанов“. Со реализацијата на овој проект ќе се реши голем проблем за нас, и за учениците и за наставниот кадар, што ќе значи  подобри услови за работа, рече тој.

    Според најавите, градежните работи на старата училишна зграда треба да завршат до крајот на летото, а новата учебна година пехчевските средношколци ќе ја започнат во нови училници.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена, Општина Пехчево

    Проектот „Изградба на локална улица бр.3 во с. Умлена,...

    Прослава за 100 години од постоењето на библиотеката „Кочо Рацин“ – Пехчево

    Општинската јавна установа Матична библиотека ,,Кочо Рацин” од Пехчево...