7 C
Pehčevo

    ЈАВЕН ПОВИК до невработените лица од територијата на општина Пехчево за работно ангажирање за изведување на Јавни работи 2021 год.

    Датум:

    Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија  за  Мерка 6: Програмата за работно ангажирање – Јавни работи, финансирана од Буџетот на  Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и општина Пехчево, односно учеството на општина Пехчево во ОП за 2021, Мерка 6: Јавни работи, општина Пехчево на ден 22.06.2021(вторник) објавува

     

    ЈАВЕН ПОВИК

    доневработените лица од територијата на општина Пехчево за работно ангажирање за изведување на Јавни работи 2021 год.

     

    Општина Пехчево има потреба од работно ангажирање на работници за извршување на работи од јавен интерес и согласно на тоа се повикуваат сите евидентирани невработени лица со ниски квалификации  од територијата на општина Пехчево кои се заинтересирани за вклучување во Јавни работи во проекти  од инфраструктурен карактер и заштита на животната средина да се пријават во просториите на АВРСМ, Биро за вработување, Канцеларија Пехчево и да пополнат соодветна Пријава за учество.

    Јавниот повик за работно ангажирање на невработени лица за изведување на Јавни работи од јавен интерес во општина Пехчево  трае 7 (седум) работни денови од денот на објавувањето односно заклучно со 30.06.2021 год. (среда).

    Селекцијата на заинтересираните пријавени кандидати ќе биде извршена од Комисија формирана од страна на Градоначалникот на општина Пехчево со претставници од општинската администрација, Меѓуопштинскиот центар за социјални работи и АВРСМ, Биро за вработување.

    Заинтересираните невработени лица потребно е да носат документ за лична идентификација за да можат да пополнат ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО за невработени лица во мерката Јавни работи и ИЗЈАВА ЗА СОГЛАСНОСТ.

    За спроведување на предвидените проектни активности од делокругот на Јавни работи  предвидена е финансиска поддршка во износ од 400 денари по работно ангажирано лице – дневно со вклучен данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест за 20 работни часа неделно.

    Селектираните невработени лица ќе бидат работно ангажирани од страна на општина Пехчево за период најмногу до 22 (дваесет и два) дена.

    Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Општина Пехчево и селектираните невработените лица.

    На корисниците на Гарантирана минимална помош од МТСП за времетраење на работното ангажирање на невработените лица ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

    Заинтересираните невработени лица можат да поднесат соодветни Пријави во просториите на АВРСМ, Биро за вработување, Канцеларија Пехчево, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.

    Детални информации за Оперативниот план за активни програми и мерки  за вработување  и услуги на пазарот на трудот за 2021 година и Мерка 6: Јавни работи можат да се добијат на веб страната на општина Пехчево www.pehcevo.gov.mk, Агенцијата за вработувањеwww.av.gov.mk и на Министерството за труд и социјална политика www.mtsp.gov.mk или во просториите на општина Пехчево, Канцеларија за Локален економски развој и во Работниот клуб на Центарот за вработување, односно во просториите на АВРСМ, Канцеларија Пехчево.

    Контакт:

    Општина Пехчево – Љупчо Каракашовски, контакт телефон 033 441 321 лок. 14 и

    АВРСМ, Биро за вработување – Марија Тренчовска, контакт телефон 033 471 153

    Целиот оглас може да го првземете тука пдф

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Прием на првачињата во детската светска организација во ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево

    По повод Светската недела на детето, денес Градоначалникот на...

    Дневен ред за 29-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Недела на детето

    Денеска децата од големата група од ОЈУДГ „7 Септември“...

    III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево

    Проектот III фаза на Еко Парк „Езерце“ во Пехчево,...